понесува (гл.) - го (зам.)

И веднаш потоа целата просторија го фати ритамот на таа усвитена врвца на пилата, на нејзината судреност со дебелата сурова дрвена маса, понесувајќи го во него и последното зрнце пилотина, запнато за пајаџинките во горните ќошеви.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тунелот го привлече, понесувајќи го со својата магнетна моќ: надвор од времето во коешто живееше: надвор од просторот, каде што физички се стремеше со своето тело.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Трепкањата на рецките на плочникот под неговите нозе одминуваа незабележано и понесувајќи го.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Заборавајќи го но и понесувајќи го со себе чувството на неугодност што заспива на место коешто е најмалку за тоа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)