помогне (гл.) - некако (прил.)

Ако нема пари, тогаш ќе треба вие да ми помогнете некако во оваа хаосна положба!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
„Како да ти кажам!...“, му рече. „Ни мене на училиште не ми се одеше, ама ако можеш да помогнеш некако.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ме фаќаше паника, знаев дека би требало да ти помогнам некако, но, сепак, не знаев како.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Тоа Бошко Манев го исплаши уште повеќе, та почна да му се моли на Дика и да го колне во сѐ живо и мртво да му помогне некако, па нека сака што ќе сака.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Старците му ги отворија своите намачени и настрадани души, се исплакаа од големите зулуми што ги претргаа летово и уште што ги тргаат, и го замолија да им помогне некако ако може.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
БЛАГОЈА: Можам јас да помогнам некако?
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)