помогне (гл.) - ѝ (зам.)

Утре ѝ е роденден Ако сакаш утре да ја оставиш без здив, таа што денес ќе се урниса од спремање по дома, за вас да ве изненади (дека ѝ е роденден), помогни ѝ.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ќе му рече мама на Зоки: - Помогни ѝ, сине, на баба! А тој ќе одговори: - Нејќам!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
„Вети ми,“ замоли, „вети ми дека нема да ја заборавиш Клара. И помогни ѝ ако можеш.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И така ѝ зборував на Клара за Сара, ѝ кажував за пеперуткарникот, за пеперутките кои слетуваа на нејзиното тело, за поезијата која Сара ја читаше, ѝ кажував толку нешта кои некогаш се случуваа, ги кажував како да се случуваат сега, и само едно нешто премолчував, она кое беше доказ дека тоа што го раскажував е присутно само во минатото и во сеќавањето за него. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас ѝ ветив, а таа ги положи гасениците во својот скут.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека ја гледав како е препуштена на некоја празнина, се сеќавав на зборовите на Сара: „Те молам, не заборавај ја Клара, и помогни ѝ ако можеш.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Те молам, не ја заборавај Клара,“ ми велеше. „И помогни ѝ ако можеш.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И по секоја посета на Сара, помислував да тргнам кај Клара, но наместо да одам кај неа, се враќав дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Си спомнував на зборовите кои Сара ми ги кажуваше на нашите последни средби: „Не ја заборавај Клара. И помогни ѝ ако можеш.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сѐ поретко ја посетував Клара. При тие средби, додека таа и јас седевме една спроти друга, Густав ја прекинуваше тишината.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)