помисли (гл.) - бев (гл.)

Тоа беше порака на добриот анѓел: настојуваше да ме упати кон вистината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се срамев да признаам, да се исповедам, оти Филозофот доверба безгранична во мене покажа до тој миг; и сѐ што помислив беше: „Боже, Седржителу, татко мој, сочувај го Филозофот од сподобието грозно и отровно сосем!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А потоа, за моја среќа, видот секој ден се повеќе ми се бистреше, а јас знаев од каде тоа чудо.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не знам што си помисли кога ме виде така збунета, но јас тоа што го помислив беше дека не заборавил ништо, но како да правеше некаква проверка дали сум во станот, дали не повикав веднаш некој да дојде...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Најмалку што можев да помислам беше, дека Иван се врати или ми го враќаат за да ми го испитат паметењето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)