помести (гл.) - на (предл.)

Рачката со иглата се помести на многу висока позиција.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Првата рачка ја стави на грамофонот следната плоча.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Една од рачките на џубоксот ја постави избраната плоча на грамофонот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кругчето светлина се помести на север.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Внатрешниот ритам на разговорот ни диктира тежиштето на непретенциозните и растоварени анализи да го поместиме на проблемот на кризата на интелектуалниот ангажман во посткритичката култура.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Пере се помести на столицата, ја зеде чашата ракија, сѐ уште така полна како кога му ја ставив, ја заврти меѓу прстите, и пак ја остави на местото без да се напие.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Логотетот се поткашла, се помести на престолот и го погледна Лествичникот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Знам: во мигот кога ќе го поставам последното камче, во центарот на новата вселена, јас ќе се престорам од пајак во мрава црна, оти крстот ќе го изгубам, средето на светот ќе го поместам на место лажно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можев да му ги чујам стапалата како му се поместуваат на изветвената шпер-плоча.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)