помати (гл.) - ум (имн.)

Сфатив дека ако му ја отвориш вратата на злото, тоа ќе ти влезе во душата и ќе ти го поматува умот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Страв голем ги згрчи грлата, ги скрши рацете и колената ги свитка, лицата ги искриви, се вгнезди во очите, проникна под кожата, влезе во коските, го помати умот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Таму имаше и книги за јагулите поради кои мајка ти стравуваше да не ти се поматил умот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Изгледа тоа што го испив јас тебе ти го помати умот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)