помага (гл.) - на (предл.)

Широка и благородна душа, Чанга прв им помагаше на гладните и бедните во градот: носеше млеко, храна, на најбедните беше готов да им подари козле од новата рожба на неговите кози. А тие беа плодни, преплодни.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Уште како дете, дента на Шабат, Лука одеше во домот на Кореови да го пали огнот за подгревање на саботниот ручек, па тие го задржуваа и го помагаа на начини што ќе бидат полезни, а нема да ги навредат ни него, ниту пак неговите родители.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Бегаа од дома и се капеа во студеното море до доцна во октомври, а во топлите летни вечери пееја закинтски кантати во компаниите што шетаа по градките улици и се упатуваа на молот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Иако не умее да ги прочита, Константин знае што тие означуваат: тоа се еврејски записи на имињата и презимињата, епитетите, датумите на раѓањата и на смртта и епитафските пораки на надгробните споменици од луѓе закопани, некои и претворени во прав и пепел, на штипските еврејски гробишта, од тој бизарен мермерен мајдан на завршени човечки судбини, од тој неколку стотици години стар скаменет дел од штипското градско сеќавање од каде се земени старите надгробни плочи на вознемирените покојници и се вградени во основата на базенот од Кежовица, бањата со лековити термални води.  Тие води не му помагаат на Константин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И покрај нашите постојани предупредувања да не им помагате на комунистичките бандити, да се откажете од секакви злосторства против нашата војска, да не ги криете оние што ни пакосат, да не бегате и да не им се придружувате на голтарите в шума - вие сето тоа дрско го отфрливте и го погазивте...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се наложи некој да му помага на Брлета за да не пропадне целата негова зимошна мака.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Елена брзо ги „смота“ јаготките и почна да му помага на татка си да го среди шаторот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Терапевтите можат да се спротивстават на идејата дека тие се експерти со постојано поттикнување на индивидуите да ги проценуваат реалните ефекти на терапијата во нивните животи и односи, и самите да определат до кој степен овие ефекти се пожелни ефекти а до кој степен тоа не се.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Фидбекот кој се појавува при ова им помага на терапевтите чесно да се соочат со моралните и етичките импликации на своите практики.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Марјанти одеше од група до група и, бодрејќи нѐ, велеше дека на овој начин ѝ помагаме на народната власт и се бориме против англоамерикснакскиот империјализам.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Земале мали гемии, шетале со нив по морето или пак им помагале на гемиџиите кога овие ги ваделе гемиите на суво за да ги поправаат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Со месеци во нивниот дом единствена храна биле лебот и солта, а кога им останале уште само неколку заграби брашно, решиле да се преселат во Виена, каде што Јакоб Фројд почнал да му помага на таткото на Амалија во трговијата со ткаенини.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се селеле од еден стан во друг во еврејскиот кварт Леополдштат, и во секоја улица во која се вселувале им се раѓало по уште едно дете – Роза во Вајсгарберштрасе, Марие во Пилерсдорфгасе, јас во Пфефергасе, Паулина во Глокенгасе, Александар во Пацманитенгасе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Историјата му помага на секој народ да си ги види грешките што ги има правено и да се чува да не се повторуваат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Седеше пред вратата со пушката в рака и му велеше насолзено: „Попусто е, учителе. Никаков лек не му помага на син ми“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Господ им помага на сите, вели, и затоа не може да им помогне на сите... 136
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Одговорот посрамено го замолча мајсторот, и потоа бевме молчеливи и тажни и двајцата: тој - што психологот не им помага на луѓето, јас - поради силината на неговата беспомошност.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Основно училиште завршил со одличен успех во родното селце, учел и истовремено во сите работи им помагал на сиромашките родители.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Браќата беа друга приказна - тие беа постари, пет мажи во фамилијата кои од многу рано се бореа за сопствената егзистенција и му помагаа на татка си да го развива бизнисот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Плус, бараме нов момок, оти овој шо го имавме му помагал на Томето – разнесвал љубовни писма.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Од друга страна, сепак многу се израдува што ја канат да помага на модната ревија на најпознатата југословенска стилистка, Исидора Перуниќ.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Набожник и аџија, им помагаше на луѓето колку што можеше, Рисјанската раја го исплака.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
За стрико Благоја сепак беше јасно - им помагаше на партизаните, ги примаше на конак нивните курири, агитираше кај луѓето за нив.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
За месење и готвење беше цела домаќинка, бидејќи беше осумнаесет години момок на манастирот, та кога не одеше по селата да проси, тој му помагаше на маѓерот во домаќинлакот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На прво место тука е седиштето на царската управна власт — мудурлакот, на чие чело веќе дваесет и повеќе години седи стариот мудур Арсланбеј со десетина заптага и младото ќатипче и го претставува султанот пред рајата, ги гледа сите давии во името негово од сите деветнаесет мариовски села, тука е седиштето на мифеташот со пет шест души колџии што ги чуваат сите мариовски шуми; тука е седиштето на авџитабурот од двесте души аскер кој ги брка комитите и им помага на мудурот и мифетишот во тешките и одговорни државни работи; тука е седиштето на третокласното егзархиско училиште со архиерејскиот намесник на чело и четворица учители, во кое училиште учат децата на сите оние мариовци што сакаат да им прогледаат сшкдаи им и да станат попови или даскали; тука е изворот на попови од четирите поповски фамилии, и, најпосле, тука се: Влашкиот ан, анчето на Младена Чкулот, Петка Спасоев, Трајка Балето и Цулевото анче, во кои се враќаат и преноќуваат сите оние мариовци од другите села коишто за еден ден не можат да свршат работа во уќуматот доколку немаат блиски роднини и пријатели во селото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во нејзината мисла веќе ѝ се виде Неда како стои в црква на певницата и псала пее поарно од Куша,како им пишува писма на сите жени што имаат на гурбет мажи или синови, па си ја замисли во поповски одежди како служи литургија, но се сети оти жена не може поп да биде, и се запре на мислата барем попадија да стане и да му помага на попот во некои работи. ***
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И сѐ очите му беа во малата Анѓа. – Ете, да не ни го грабнеа Ѓелета, сега ќе си го пратев со бацка му овчар; да не ни го грабнеа Ѓелета, сега ќе ни помагаше на снопјето врзување, на жниење, на вршење.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но кожарот Аврам Сујак ги маваше со стап или со клоци и им помагаше на војниците во дерењето за да си ја земе кожата а и за да внимава да не се оштети.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Веќе имам забележано, и тоа од поодамна, дека ваквото мое однесување ми помага на грижите да гледам како на отпадок што можеме со другото ѓубре да го натрупаме во најлонска кеса и да го фрлиме во контејнерот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Додека му помагав на Шукри да го симне орманот низ скалите, помислив – не е нималку чудно што ми се случи да ја сонувам Мајка.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Малиот му го бутка со нога. Курта ги зема очилата, му помага на Кртот да се исправи и му ги стави назад.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Бараме да биде јавно и отворено!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Бошковица, која ѝ помагаше на снаата во миењето на чиниите од вечерата, му се приближи и го праша: - Бошко, да го запретам огнот?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Циљка заспиваше последна. Со скоро замижани очи таа напнато вслушана во дедовото раскажување, се гледаше себе си како добра самовила којa им помага на сакатите и слепите, на гладните и жедните, заскитаните ги изведува на пат, се гледаше како во шумата си игра со зајачињата и верверичките и како со долга расплетена коса и со бел фустан до пети - игра по ливадите и лединките и собира цвеќе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И да го завршиме разговорот за давањето и помагањето со тоа што ќе се согласиме дека помагањето и давањето се убава човечка особина, што и му помага на човештвото да опстанува и да се развива, но барањето и очекувањето некој потоа да нѐ фали, да нѐ возвишува и да ни враќа, е грдо и нечовечно!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Имаше една Циганка во нашето село, ја викавме Ема и таа често доаѓаше кај нас и понекогаш ѝ помагаше на баба ми.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Земи го Молитвеников што ти го дадов и читај ги молитвите со длабока верба, но имај на ум - Господ им помага на оние што сами ќе си помогнат.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Имаш широко срце и подготвен си да им помагаш на другите. Освојуваш со миловидноста! Немај гајле!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Да не сум вредна, да не не работам низ куќа, да не не ѝ помагам на мама, ајде кажи – се налутив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)