положи (гл.) - на (предл.)

Да можеше да се помрдне, ќе ја подадеше раката и ќе ја положеше на О'Брајановата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Извесно време дланката од десната рака ја имаше положено на книгата, потоа ја отвори и почна да чита: “А сега да ти напишам неколку збора за нешто сосем друго: утврдив дека за време на подолг престој во затворот на чувствителните луѓе им се заканува опасност да станат огорчени непријатели, да почнат да го мразат сиот свет, отапуваат, ги обзема резигнација и стануваат премногу себични.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Едниот примерок од документот од задната страна го намачкав со лепило и го положив на сандакот за муниција што стоеше меѓу нас.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тука, следени со инструменталните арлаукања на оркестарот „Критериум“ и неговите три пејачки, кои како митски магбетовски наречници завиваа околу нас, ги жртвувавме последните денови на нашата младост, положена на олтарот на нашето безумие.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Во првото кафеанче седнав да испијам кафе, ја пикнав раката во кожната ташна што ја носев обесена на рамо, а која сега ја имав положено на масата пред себе, и го најдов својот адресар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Жената лежеше на грб, главата ѝ беше свртена на десно, а рацете ѝ беа положени на мевот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ја одвитка новиот Музафер-ага чалмата од глава и ја положи на коленици.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Неколкумина Турци се проврткаа, му ги врзаа вилиците и палците на нозете еден за друг, а рацете му ги положија на мевот, па откако прошепотија неколку џенази според коранот, се тргнаа во другите одаи да каснат нешто од тоа што го беа донесле комшиските жени, зашто во куќата на мртовецот не смееше да се готви.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Успеавме! - ја крена главата Денко. - Успеавме! - викна силно, радосно, па го крена девојчето и го положи на ливадата, малку настрана од стубелот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ковчегот го извадија и го положија на едно чисто плато од десната страна на браната.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Го положија на едно ќебе.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)