покрива (гл.) - го (зам.)

Долу, на нивото на улицата друг постер, одлепен на едниот агол, се мавташе повремено на ветрот, наизменично покривајќи го и откривајќи го единствениот збор АНГСОЦ.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ивона покривајќи го со наметката извадена од плакарот, низ насмевка тивко рече: „И големите паѓаат ако не направат стратегија на своето однесување и постапки“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Малото дете врескаше од страв и ја криеше главата во нејзините гради како да се обидуваше да се закопа во неа, а жената ги ставила своите раце околу него и го смируваше иако и самата беше модра од страв, за сето време покривајќи го колку што е можно повеќе како да мислеше дека нејзините раце можат да ги одбијат куршумите од него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И покривајќи го заспаниот дедо со својот кожув, дува презриво низ нос.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)