покрене (гл.) - и (сврз.)

Покрај ова, некои покренаа и тужби против Синдикатот – за кои, според Вујошевиќ, реално се немаше право – а сепак беа донесени позитивни одлуки во врска со тие спорови.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тогаш оној полека се покрена и зачекори кон нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, револтот се јави кога се увиде дека работодавачот презема нелогични и неприоритетни мерки како би се стабилизирала состојбата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога би постоеле можности за искористување на ваквите состојби кај човекот, љубовните вредности на Јана веројатно ќе можеа да покренат и турбини и машини. - и Зрновски се засмеа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
До пред малку мислеше дека ќе ја сочува во себе онаа зафатеност и ќе може да ги посреди малку лостовите, со кои кога ќе му дојде време требаше да ги носи и да ги наместува трупците, намалувајќи ја нивната тежина; мислеше дека ќе најде во себе желба да ги подреди и нив така, за еднаш кога ќе биде потребно, да може само со еден дофат, со едно движење, да ги покрене и да ги намести.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)