покани (гл.) - во (предл.)

Суштината е се разбира во тоа што овој поет/чудак/мајстор нѐ поканува во својот патувачки театар. превод: В.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
По движењата и нејзината насмевка разбравме дека нѐ поканува во кафеаната.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Зошто нѐ поканија во Италија? – Сакаа да бидеме декорот на нивното освојување на Албанија!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога ги виде, тој многу се израдува и ги покани во својата убава куќа што беше само на еден кат, зашто луѓето ваму не живееја во големокатници како во центарот.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Сега веќе може да го покани во време на распустот да ја посети неа, и баба му и тетките.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Истиот ден испратив белешка до Министерството за надворешни работи на РМ со предлог проф. д-р Владислав Барчиковски, со предлог од страна на Сојузот на борците од НОБ да биде поканет во Република Македонија со цел да се сретне со своите македонски пациенти. Одговор не добив ниту од Министерството, ниту од Сојузот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)