покажува (гл.) - повеќе (прил.)

Наместо да се истури врз него, зашто ибн Тајко претпоставуваше дека нему душата му гори од лутина поради онаа распеана раја долу, бегот сѐ уште покажуваше повеќе некаква необјаснива загриженост.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Од север, исток и запад се слушна бука од илјадници човешки викотници.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дури се договараа, дури издадоа заповед за напад, сонцето веќе искочи и часовниците покажуваа повеќе од осум.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)