покаже (гл.) - повторно (прил.)

Прв по талпата протрча големиот син на Вангел Русјаков и додека не се покажа повторно на работ од плочата со своето кажување дека Геле со мандолината и неговата снаа за брат што ја викаат Богородица и нејзините два сина навистина шараат ама тоа го шаркаат не е бела шарка туку црвена оти ја влечат од керамитка или тула и оти го имаат нашарано газот на две одаи што ќе биле само нивни, инаку, кажуваше синот на Вангел Русјаков дека горе има место колку и тука долу, дека има и дупки за пенџериња и дека е сѐ исто, како јајце на јајце.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)