покаже (гл.) - точен (прид.)

Мила, утре завршува нашата мисија, наскоро ќе ги утврдиме, односно прогласиме стоте (без)опасни османизми со мојот пријател.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ако се покажат точни овие претпоставки истрагата и обвинението може да се прошири и на тие моменти.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За тоа време, некаде далеку, надвор од собата, надвор од приказнава, надвор од светот, се смешкаше Слободата, задоволна што уште еднаш се покажа точна нејзината констатација: „не сум препорачлива за сонување“.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Моите претпоставки, иако не докрај, се покажаа точни.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во секој случај, обете претпоставки се покажаа точни. – Ние сме подготвени да заминеме! – му рече Мајка, уште на прагот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Еднаш Сандо и лично слушнал како обвинетиот и се обраќа по име.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сандо од обезбедувањето ми рече дека обвинетиот двапати се обидел да ѝ се приближи на Јана, дури и да стапи со неа во контакт.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таа во мигот не можеше да ја разоткрие тајната на неговото необично расположение, но нејзините претпоставки дека тоа, сепак, е предизвикано од книгите, библиотеката, набргу се покажаа точни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)