покаже (гл.) - свој (прид.)

Тој кој стоеше на чело на масите што присуствуваа на мојата егзекуција пред конечно да згаснам, ми се поклони со насмевка и ми ја покажа својата дланка во која што му блесна златен долар – идеологот на нашата иднина.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Никој не се појави од никаде, никој не пофте да го покаже своето интересирање и своето љубопитство за почетокот на работата на бунарот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој ми го покажа својот материјал за изложба за кој еден проќелав брадоња рече: „За десет години ова и кај нас ќе биде главниот правец!“, и уште свиревме.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Југословенските претпријатија го покажаа својот традиционален интерес за велесаемот и на него учествуваа со многу квалитетна стока.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Филмската ситуација: жената верува дека нејзиниот маж е убиец, не е така посебна како ситуацијата во книгата: жената открива дека нејзиниот маж е убиец; а ми се чини дека филмот има поголема психолошка вредност од книгата, бидејќи карактерите се подобро изнијансирани. •Хичкок: „Се согласувам, но вистинскиот крај на Сомнеж никогаш не е снимен: Џоан Фонтејн ⥊ пишува писмо на мајка ⥊, во кое ⥊ кажува дека го сака својот маж, но дека чувствува оти тој е убиец.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Мораше да се враќа по втор пат.” •Изгледа дека на доктор Гебелс (Goebels) многу му се допаѓаше овој филм? •Хичкок: „И јас чув дека се зборува за тоа; веројатно од Швајцарија можел да ја набави копијата на филмот; тој филм беше фантазија, и како и секогаш кога се занимавам со фантазија, не ѝ дозволив на веројатноста да ја покаже својата грда глава.” 139
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но Толе се спротиви и си го покажа својот инает.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ова „дело” секако била прва употреба на еден реален предмет на платно: една кондура вметната во паното го покажува својот ѓон на гледачот, продолжува со насликана нога која се губи на хоризонтот и завршува со еден мал поштар гледан од грб, како трча по воз.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Набљудувајќи како кучето се однесува спрема својот сопственик, Лакан, можеме да утврдиме дека кучето зборува, комуницира со него, ги покажува својата љубов и почитување, дури љубомора.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Така, едвај облечен, живеел во бу­ре и имал обичај да мас­ту­р­­бира во јавноста за со тоа да го покаже својот пре­­зир спрема цивилизациј­а­та и славење на природата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во публика Фрчко, Јане Миљовски и пар сподоби шо немаат ни благе везе од џез, а добиле гратиси преку некоја фирма или швалер со цел да ги покажат своите гнасни сурати и да одглумат елита сокривајќи го своето паланечко потекло.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ќе блеат како телиња, ќе зеваат како мамлази и едвај ќе чекаат да дојде паузата за да ги покажат своите најнови тоалети и костими со кои ќе го истакнат својот статус у смрдливата универзална сала која патем не е реновирана уште од кога е направена и за која не се знае кога ќе ѝ падне таванот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Урбаната форма ги покажува своите предности како “собирник на сите содржини”, вели Лефевр.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тогаш ми ги покажа своите раце, со малку раширени прсти.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Карев премина благо со рака по густата брада и, без да ја покажува својата возбуденост, се доближи и седна бавно на своето место.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Маестро Миха, држејќи до својот углед, а придржувајќи ја шарената марама околу непотстрижениот врат и брадосаниот грклан, ги испрати до излезот на бараката и патем им го покажа своето уметничко легло (мала ама самостојна просторија, нешто како портирница; или стражарница, како што би се изразил генералот, упатен во некогашната намена и на бараката, и на другите бараки, и на секој дел од логорот).
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ама не можеше да си го покаже своето лицемерие, особено пред својот заменик Псалтир Палигоров.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Уште еднаш преку моќта дијалектички да пресврти некое очекување, поразот да го укине со психолошка реалност, тој ја покажа својата важност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
1961 Го декорира излогот на Лорд и Тејлор врз основа на стрипот за Дик Трејси. Ја прикажува својата работа на Ирвин Блум и Волтер Хопс од Ферус галеријата во Лос Анџелес.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Па сепак, Бојс од уметничката изложба побргу создаде свет општествен обред отколку некаква самопослуга.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Еден од најзаостанатите пунктови на нашата општа заостанатост е токму маркетингот, вештината како јасно, прецизно и шармантно се комуницира, а притоа се заработуваат и пари.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ноември - Елеонор - Ворд ги претставува неговите слики во „Стејбл“ галеријата; изложбата предизвикува сензација. Почнува серијата несреќи.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Купува цртеж на Џаспер Џонс во галеријата на Лео Кастели во Њујорк; ја покажува својата работа на Иван Карп.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во овој случај, тоа ќе беше сосема невозможно ако моите психо-вежби не ја покажеа својата корисност.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
На господин Гроздановски, по овој неочекуван податок, не му остануваше ништо друго освен да не го покаже своето изненадување.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Никако не му даваше можност тој да ја покаже својата толку многу голема готовност да биде сервилен, па мораше само да ја следи како некој виновник.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тој имаше обичај, кога сакаше да ја покаже својата приврзаност, со својата брада да ѝ го буцка грлото.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Даниел никогаш не ги покажува своите чувства отворено, но јас знам дека тој тебе те сака.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се пофали дека го сакаат жените и влезе внатре на дело да ни го покаже својот успех.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Чекав да удри гром, да плисне порој, да дојде глутница седништа, за да ја покажам својата гусарска нарав, зол секогаш, сегде, кон секого.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ме мереше со немирните очи и размислуваше, секако, што да ми прави за да ја покаже својата сила пред Ана.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Луција завршила дефектологија и сега работи во Центарот за слух и говор; солидно заработува, живее сама, а Земанек ја посетува одвреме-навреме, и се разбира, со неа излегува за време на државните празници и партиските прослави, за да ја покаже својата брачна врска пред јавноста.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Почна пак Скрез да шета низ селото со бик како порано, но сега со друг бик, помлад од другиот, кој се учеше и кој допрва требаше да си ја покаже својата сила.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Веруваше во судбината, а таа денес ја покажа својата милост.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сметаше дека ќе дојде време и таа да ги покаже своите заби.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Всушност, тие немаат ни право да се размекнуваат и да ги покажуваат своите чувства заради младоста.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А, таму,пола од гостите играа валцер, рок-ен-рол и полка, а овие, другите, чекаа да ги покажат своите способности на танчери еднакви на професионалците од „Танец“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Што и да направи, ако личи на себе, ако биде природен и ги покажува своите емоции, пак ќе биде херој.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Неуредноста на мислите потсетуваше на ненадејните сеќавања кои ме опседнуваа без да ја покажат својата цел и на безуспешниот обид за нивно линкување.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
И кога неколку месеци по државниот удар ми се јави лично шефот на дипломатскиот протокол, со известување дека се организира матанѕа, односно со барање за учество, јас морав да ја покажам својата неукост и да запрашам: - Проштевајте, рековте - матанѕа...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со мојата аверзија кон оружјето, но и кон убивањето на невините животни, јас бев навистина атипичен за средината во која требаше да се покаже комплетен капацитет и компетентност. Но не бев осамен.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во оваа величествена поема на Вињи, вистинска химна на борбата за живот и неумоливата смрт, Бургиба како да сакаше да ја покаже својата трагична величина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За доказ на својата теза во интимното друштво, во залезните години на животот, кога луцидноста не го изневеруваше, Бургиба им ја читаше на убаво негован француски јазик на свои пријатели и познати политички државници кои го сакаа и почитува, поемата на Алфред де Вињи Смртта на волкот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Климент Камилски се изненади од овој настан, но сметајќи се апсолутно компетентен, како сорбонски докторанд од областа на воспитанието на детето, не сакаше пред Татко да го покаже своето чудење, но, сепак, со авторитетен глас на сеинформиран научник прокоментира: Јазикот останува најзначајната симболичка фигура на човековиот дух, но и најзагадочната творба на природата за разбирање на луѓето и народите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бојана триумфално се насмевна и ги покажа своите памук бели заби.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Локалот се броеше во квазидисидентски, ама одвреме – навреме, како и цела земја мораша да ја покаже својата лојалност кон режимот, и најзгодно му беше со пуштање на маршот на гардата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Билјана се заврте и го покажа своето преубаво детско лице.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Четврток Ноември Пеколот е во сите нас, само треба да му дадеме слобода да ги покаже своите краишта.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Таа слободно ја покажа својата карта.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Беше почнала да ја покажува својата женственост.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дедот поп го ислуша коџабашијата и рече дека и тој одамна размислува, а кога, ете сега, тие сами го поткреваат тоа прашање, тој реши веднаш да им ја исполни желбата и да им го покаже својот наследник, на кого мисли да му го остави своето духовно стадо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Причека таа да му ги покаже своите нададени дојки, а потоа веднаш потоа, таа се најде себеси, можеби без да сака, загледана право во него.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога беше со војниците не му се разговараше, сега, без ниеден сопатник, сакаше да се разспие пред некого, да се откопча како школка и да го покаже својот мрак.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тој со Цветана Горски внимателно го слушаше: - Во новото време, кој и да е режим, ќе ја покажува својата величина само според односот кон Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Планираното стопанство ги покажа своите граници.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сите имаа по девет години, и ако еднаш, еден ден пред седум години, сонцето изгреало за еден час и му го покажало своето лице на изненадениот свет, тие за тоа не можеа да си припомнат.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Всушност кога се качивме во Кулата, без да ни раскажува за замомчувањето и за тајните поврзани со него тој побрза да ни ја покаже својата срамота.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа сакаше на сите да им го покаже својот спасител.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Кога најпосле работата тргна вака, арамиите пак ја покажаа својата ненаситност.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Прв пат го видовме на дрвената кула во дворот на одборот и бидејќи Ангелина гласно проговори зошто таков млад и силен маж не е во борбата, тој се поискриви малку и ни ја покажа својата една нога-дрвена!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Но, се завршува со трагедијата, таа врвна уметничка форма која совршено ни ги очистува страстите и не прави свесни за нашата мизерија.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Чиста форма е ова тело исполнето со некаква нематријална содржина, со искрени чувства кои бараат простор и време да го покажат своето постоење, совршени, завршени, неодоливо се стремат кон сплотувањето со друга чиста форма.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во Арентовиот „агонистички“ модел на јавниот простор, фокусот е ставен врз моралните и политичките елити кои ја покажуваат својата големина во рамките на еден исклучително конкурентен простор.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Ова наоѓа одраз и во нивните модели на јавниот простор.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Заѕвони. Еднаш, двапати. Чу чекори како се приближуваат, па вратата полека крцна. ­- О!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тој сакаше на прекрасната Французинка да ѝ го покаже својот младешки дух - затоа, кога ќе се вратеше од работа, готвеше вечера, па со најлуксузните тренерки и спортска чанта гласно ја треснуваше вратата со надеж дека таа ќе го види низ дупчето и така ќе се заинтересира за него.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога мајка ми му ја покажа својата новинарска пропусница на редарот, на која што јас сум особено горд, тој се погрижи да ни најде најубаво место - првиот ред од балконот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Два пасуса подолу, Rychlack ја покажува својата сопствена конфузност: Суштинска точка е дека . . . машината - која може да биде опишана на само екстроспективен начин - ни прави илузија дека се одвива интроспективен okno.mk | Margina #3 [1994] 91 процес . . .
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
ТРЕТАТА ЖЕНА: Дали ти, мајко, ја покажа својата љубов кон мене во најраните години.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)