покаже (гл.) - никаков (прид.)

Марија воопшто не се помрдна кога го виде својот сопруг како влегува, ниту нејзиното лице, сѐ уште со лузни од искршеното прозорско стакло, не покажа никакви чувства.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не сакаше да покаже никаква слабост пред Германецот, стравувајќи од прогонот што есесовците како Беренц го вршеа и над масоните.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Гајле им е ним, нивните родители не пушат, нивните баби и дедовци не се подетинети, па не знаат како ми е мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога исчезна татко му, мајка му не покажа никакво изненадување, ниту преголема жалост, но затоа во неа настапи некаква ненадејна промена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Против нив последните децении, под влијание на доминацијата на фашизираните идеологии што доаќаа на власт, стануваше и подржавената црква.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тие ме ислушаа и не покажаа никаква заинтересираност за овие мои проблеми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)