покаже (гл.) - голем (прид.)

На влегување, сега без тропање, ја најде Неда сред куќи каде му мете на прасето и посегна да ја фати за образ, ама таа му ја турна раката настрана и му ја покажа големата врата откаде можеше секој минут да влезе мајка ѝ, и му рече само: — „Пст, мац! Не ваќај кај шо не си клала ота може да е жешко да се попариш!“ — И навистина старата влезе со заграб борина и едно столче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се покажа голема грижа да не се случи, некој лист од старите дефтери, да се распадне.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Да, браќа, - продолжи директорот, свесен за превидот, - вие ќе се вклучите достојно во прославата во која нашата Партија на трудот, нашиот народ ќе ја покаже големата љубов кон великиот Сталин и почитта кон неговото дело, во името на целиот пролетерски и работнички свет.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Горд ни ја покажа големата болница во АНН Арбор.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Тој покажува голема љубов кон нас, неговите пионери.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Бабицата ги отвори полните усни и покажа голем златен заб под темниот полумесец на мустаќите. Личеше на Козак од филм.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не покажав голем интерес да учествувам во телевизиската емисија на Алтин Раџими, макар што бев пријатно изненаден и охрабрен од неговото мислење за книгата Атеистички музеј, како припадник на младата генерација, кому како да му тежеше на ист начин блиското минато, кое не можеше да се ослободи само со соборувањето на големите, мамутски статуи на Сталин и Енвер Хоџа во Тирана.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во блиската и доверлива атмосфера, Орхан од својата голема кожна чанта од којашто никогаш не се одвојуваше ни ги покажа големите по формат тетратки, на кои речиси со калиграфски ракопис ги испишуваше своите книги, со кои веќе постиgнуваше светска слава.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ајде, не се плаши, излези, ако треба ќе ти помогнеме, - наставничката се насмеа и ги покажа големите, прави заби.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На Ема ѝ се причини дека Ирена најгласно се насмеа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Пред нив се покажа голема и широка пештера.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Не мина многу време, а пред нив се покажа голема и висока карпа.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Најпосле, се покажа големата тврда бела корица на една голема книга.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)