покаже (гл.) - во (предл.)

Визиготскиот епископ Вулфила (Wulfila, грч. Ulifilas, 311-383) за потребите на преводот на Светото писмо се откажува од користењето на старото монументално рунско писмо, кое меѓу другото, се сврзува со пагански претстави, и создава нов систем на писмо - готски алфабет.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Односот меѓу нив всушност тешко може да се нарече транзициски.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
За прототип во создавањето на готскиот алфабет е земено грчкото унцијално писмо, што неспорно се покажува во нацртот на готските букви и во суштествено грчкиот распоред на знаците во алфабетот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Вистина е дека Спиноза, иако нешто помлад, размислувал во рамките на Декарт, но мислел и низ нив, вон нив, односно го размислувал она што кај Декарт останало како немислена врска на неговата метафизика на светот: телеолошката насоченост која се покажува во Декартовото решение на прашањето душа-тело.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тоа се покажа во идниот нивни живот.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сликите на апокалиптичниот сон ги заменува неговата способност за брза рационализација: Геханна, јудејскиот непрецизен поим за пеколот како што, впрочем, јасно покажав во мојот докторат, е доработен во Куранот и таму е преименуван во Џаханнам или Џехеннем. Во Солун велат – во џенем.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се обидува да не мисли, само стои загледана во ѕвездениот свод, кој веќе се покажува во неговиот полн ноќен раскош.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се сети дека пред да биде уапсен и донесен со специјален авионски лет во Виена, тој цели петнаесет месеци лебдеше во облаци.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Она што бега и се губи во секојдневната рутина, се покажува во уметничката употреба на компјутерите и другите виртуелни машини.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сликата на Пармиџанино секогаш одново го покажува точниот маниристички фенотип, иако поради својата „загадочност“ можела да дојде и од работилницата на Леонардо, тоа сепак е слика во која еден разблажен светоглед, доживеан во пренежната младост, се покажува во сета резигнација.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сето ова беше направило од овој Турчин културен човек, и тој како таков се покажа во Полчишта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А најмногу се тешеше Толе дека навистина без никакви потреси и непријатности ќе ја помине оваа лоша зима, од која есеноска баеги се уплаши.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По сѐ изгледа дека тнр. гравури од Виндзор, на пример, кои светот едновремено симболички го покажуваат во неговата прасостојба и во неговиот катаклизмички самрак, настануваат токму врз темелите на таков тип “леонардовски” визии.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тие, имено, сликата прво ја покажуваат во Margina #26-28 [1995] | okno.mk 199 “ненатуралистичкото” со-битие, за потоа да ја превртат конструираната идеја што ги ништи времето и просторот, за дури тогаш да може да се осознае природата, лицата, пејсажите итн., со еден збор: со-битието на светот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
”) Концептот на неодреденоста кулминираше во серијата дела под името Варијации 1-7 во кои сите одлуки освен распоредот на случувањата во времето му се препуштени на изведувачот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Постојаниот интерес за овој аспект на неодреденост Кејџ го покажа во распонот од десет години (1958-68) кога и настанаа овие седум композиции.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа посебно се однесува на неговото сѐ поголемо ангажирање во решавањето на општествените проблеми што сѐ повеќе го одвлекуваше кон театарот кадешто сите работи се случуваат одеднаш.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Неговиот интерес за барокот не лежи толку многу во идеализирањето на Италијанските католички уметници, туку во поземските, посекуларни уметници од Север (ова јасно го покажа во филмот од 1989 г.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во првите 15 минути од филмот Гринавеј се покажува во својата најтипична 48 Margina #8-9 [1994] | okno.mk варијанта.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Овде, непријателот се покажува во последната достапна суштина, во црвено- крвавата боја на пеколниот оган: „Ете го големиот црвен змеј со седум глави и десет рогови“.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Прво застана момокот Потоа дотрчаа двете калуѓерки А кога удри камбаната и се покажаа ѕвездите Од ѕидовите на пештерите во манастирот Еден по еден се симнаа и светците Застанати на брегот на езерото и са ноќ чекаа Да се покаже во водите одразот на девојката Што мина тука денес на пладне Во бела облека и жолта лилја во косите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
- Според филозофот Едгар Морен, исламот се покажа во еден историски период многу потолерантен од христијанството, кога беа прогонувани од Шпанија муслиманите и евреите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тука завршува лозата на мојот чукун дедо кој местото го добил за јунаштвото што го покажал во војната со Полјаците.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Нерамностите што ќе се покажат во јазикот на мојата книга се сосем природни и ќе може да се отстранат само при едно подлабоко знаење на централното македонско наречје, со што не можам да се пофалам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Петар сметаше дека воопшто не е важно да се спомене кому Тој прв му се покажал во својата победа над смртта.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Одеше со чувство дека му гази в петици на она ѕвере, што поминало тука не водејќи сметка за него; беше лесно да се чекори по тој широк пат, беше одморен чекорејќи по него, а кога навлезе подлабоко меѓу дебелите стебла под снежната сеница на крошните од дрвјата, тој можеше бесшумно да се покажува во секоја од идните долки, што му го сечеа патот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тетките со трајна и топла водена фризура, од страв дека нема да излезат добро на фотографијата, по двапати се местат со насмевка со вештачката протеза, направена специјално за свадбата, затоа што е битно како ќе се покажат во срдечноста.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Пред да му се стемни, пред до клепки да потоне во поплавата на безумноста видел дека небото над него е мртво око на закланата вселена и видел во тоа око блескав цвет од лилава и бакарна и зелена светлост, за да му покаже во што да го забуцал ножот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но само се исправил полека, недозгрбавен и не со крената глава, туку повеќе сличен на човек што долго време стоел замислен на исто место, меѓу сенки од кои расне непробоен покрив и под кој ќе почне нова битка без сеќавање за вчерашните рани и лузни на неизлекуваната душа; и ќе гризе и ќе боде и ќе дави ревејќи само со крвта и сличен по нешто на оној негов дедо или дедо на неговиот дедо од дните кога бил со каменен чекан удрен над истото вака распарано животно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Сегашните необични состојби на дворот, а особено интригите во кои, како што е познато, е вплеткан и Д., придонесуваат непосредната достапност на документот можноста да биде покажан во секој миг да биде исто толку важна колку и неговото поседување.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Суштинската релативност на секое знаење, секоја мисла или свест не може, а и самата да не се покаже во јазикот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој, впрочем, тоа и се обиде да го покаже во проектот на својот живот Исtторијаtта на Балканоtт низ падовиtте на империиtте, но комплетно се дезориентира токму на јаничарството како една од тие претпоставени метафори, остана немоќен да се справи со неговото комплексно значење.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ручекот требаше да биде еден вид практичен дел за да се покаже во живо употребата на османскотурските заемки во домашната гастрономија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Менито Мајка го состави со госпоѓата Камилска, која дојде уште рано со свој прилог за слаткиот дел на ручекот, но и да ѝ помага на Мајка.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но тоа тешко можеше да го каже и покаже во времето, режимот и идеологијата кои владееја во земјата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Она што ми го покажа во авионот кога прв пат се запознавме?
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Со остро движење на раката покажа во Емплфорт. „Соба 101“, рече тој.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тука авторот го виде крајот на својата прикаска за Едо Бранов од Охрид иако животните прикаски се непредвидливи како што ќе се покаже во случајот на Еда кого Су и Марко ќе го премислат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Пиев се додека водата не почна да излегува од моето тело низ секоја пора и сѐ додека надвор од мене не се покажа во вид на свилени нишки, па така и јас се здобив со сјајна грива со бои од виножито.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
А јас пред лицето Твое ќе се покажам во правда, ќе се наситам кога ќе ми се покаже славата Твоја...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Поп Доне се покажа во попска одежда.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тој не му дава никаква поддршка на антикомпјутерското предубедување на Rychlack, кое се покажува во неговите догматски тврдења дека машините можат да бидат опишани само на „екстраспективен” начин (наше подвлекување).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Погледни – ми покажа во левиот агол од неговиот килим.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)