покаже (гл.) - место (имн.)

Бино ја фати Нешка за рака, ја поведе кон клупата и и го покажа местото каде ќе седи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Часот траеше колку што беше потребно да се извикаат имињата на сите дечиња и да им се покажат местата во клупите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Софроние му се поклони дури додолу до земјата, а кога се исправи, виде дека султанот со рака го повикува кај себе и му покажува место кај да седне - на килимот веднаш спроти него.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога стапи во чардакот четвртиот играч, Татко ги остави картите, го поздрави, им го претстави на двајцата други играчи и на крајот му го покажа местото.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко среде златарската улица му го покажа местото каде што се наоѓаше некогашната златарска работилница, кооперација, во која работеа прославени мајстори филигранџии, Албанци католици, кои со текот на времето како да одлетаа со нивните чудесни сребрени пеперутки во далечините на егзилот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тие вистински му недостигаа на пејзажот на денешната чаршија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)