познае (гл.) - и (сврз.)

И уште оддалеку го позна и се затресе. Се исплаши ли, или се засрами?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Домаќинот ја отвори вратата, не го позна и праша: - Молам, што сакате?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
По насмевката Гоце го позна и извика: - Доне, Доне Стојанов!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Настапи долго молчење. На домаќинот му изгледаше како лицето на трговецот да го беше видел негде. Но каде?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Потоа таа го позна и, мислиш, пречекува свој домаќин што се враќа од живеење, се поттргна, без збор ослободувајќи му пат кон светлоста зад себе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ја познав и летнавме да бегаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас умеам да познавам и да ценам што е лошо, а што е арно. Ова е лошо - фрли го!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ме праша дали се познавам и натаму ми рече да говорам со него.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Од таквите другари изгледа најдолго ќе го паметам Грофот од УДБА, оној кој и сега штом ќе зајде сонцето го нагрнува црниот кожен капут.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Потоа среќавав а сега многу добро познавам и такви поединци на кои гревот им служи за пријатна забава и убав помин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зад еден голем камен стоеше стражарот. Тој ги позна и ги пропушти.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)