познава (гл.) - многу (прил.)

Со Славица не се познаваа многу, ова беше втора нивна средба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јаренцето ги познаваше многу добро неговите раце и сега тоа ги лижеше нив, задржувајќи се со јазикот најмногу на неговите нокти, на јаболкцата и на подноктиците, каде што остануваа скриени зрнцата сол во поминатите денови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Уште на почетокот на нивниот брачен живот тој сфати - иако можеби само затоа што неа ја познаваше многу подобро отколку што ги познаваше сите други - дека таа е без сомнение најглупавата, најпростата, најпразната душа со која некогаш имал работа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)