познава (гл.) - во (предл.)

Тогаш не го знаев сето тоа, не ја познавав во детали технологијата на власта; но со интуиција (тоа прекрасно орудие за сознание само на младиот човек), чувствував дека не треба да го потпишам формуларот на Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сите имаме слобода да ги отфрлиме правилата кои добро ги познаваме во потрагата по среќа, но за тоа доброволно ќе си ја платиме цената.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
ЕЛЕОНОРА ШНАП: Пријателите се познаваат во време на голема несреќа, а непријателите во време на мала.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ништо не ѝ се познава во очињата: ни црнка, ни белка. Сѐ е зафатено од жарот, од горештините нејзини.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)