познава (гл.) - го (зам.)

Сите гледенија што ги добив до сега ми ја подгреваа надежта, дека ќе можеме по него да излеземе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Шпиуни меѓу нас нема, а страшливците ќе си ги сошијат устите, — се провикна Шаќир и му се опули на Јована в очи, познавајќи го како колеблив и плашлив.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ете такви се фалените администратори во Македонија - од џандаро до жупано, сè само професионални убијци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Добро познавајќи го убиецот, таа веднаш отишла во Битола за да му се поплачи на жупано, но наместо заштита ѝ било наредено „добро да си ја затворам устата“.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)