поднесува (гл.) - без (предл.)

Се извиши во ноќта како проклетство, како некоја негова глад, како тагување заради таа прогонетост, таа осаменост, беше една потиснатост, во која остануваше секогаш на дното, ја поднесуваше без секакво дробење, а сега си ја викна таа своја безизлез, тоа свое беспаќе пред уште едно стемнување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
4Значи ли тоа дека меѓу занимавањето со филозофија и занимавањето со пишување, што е ваша работа, и политиката не треба да се воспоставува врска?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Вистина, остана еден печат на преуранета зрелост на нејзиното лице, што пред тоа го немаше, една одвај видлива сенка на староста, прв бран на созревањето, и јас знаев дека тоа веќе не е онаа моја Луција од разбојот, од гимнастичката сала, тоа златно дете чии носници се ширеа по доскокот како кај уморно но весело коњче; но бев среќен што тоа е сепак Луција, макар и една друга Луција; ми се чинеше дека сум задоцнил, дека нешто ми е одземено од првата за да ја добијам оваа втората Луција, но мојата љубов во ништо не се менуваше; дури може да се каже дека сега во оваа Луција ја сакав и претходната Луција, и сегашната; јас сега сакав две Луции, и тоа беше невозможно да се поднесува без допир со Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Според моето мислење, сѐ се „изведува“ од искуството (на живото, секојдневното, безопасното или промисленото, секогаш насочено кон невозможното), така што ми останува да настојувам да пишувам на начин при кој јазикот на другата личност да не трпи поради мојот, да ме поднесува без страдање, да го прими гостољубието на мојот јазик не губејќи се и не поистоветувајќи се со него.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)