поднесе (гл.) - негов (прид.)

Госпоѓа Камилска со децата на друг начин ги поднесе неговите маки, но и други неволји кои произлегуваа од книгите и библиотеката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Неда веќе не можеше да го гледа Крстета, не можеше да го слуша, не можеше да ја поднесува неговата близина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нашата понова историја, од Првиот и Вториот Илинден, е полна со примери на херои кои, не сакајќи да паднат во рацете на непријателот и да ги поднесуваат неговите тортури и понижувања, се самоубивале).
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но, Хелвиг веднаш би сфатил колку таа не ги поднесува неговите родители.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Собираше, класираше книги за козите, за јагулите, за јаничарите, пред секогаш зачудената Мајка, небаре осудена да ги поднесува неговите илузии и верувајќи дека, сепак, еден ден ќе нè изведат на вистинскиот пат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа можеше подолго време да ја поднесе неговата молчаливост без да се почувствуваат напнати и потиштени, но сепак се чинеше дека тие го изменија своето однесување со некаков вид застрашувачки предзнак, еден вид на очекување дека нивната љубов, нивниот брак и бебето, кое беше на пат, не само што нема да се исполнат, туку дека тоа е само подготовка или вовед за нешто многу покобно.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)