поднесе (гл.) - молба (имн.)

Се распрашувавме дали ќе поднесе молба за визи за излез од Австрија, а ќерка му Ана, жена му Марта и нејзината сестра Мина велеа дека не знаат ништо за тоа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Што, што, што? – рече значајното лице. – Од каде насобравте ваква смелост?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Помина цел месец откако не го бевме виделе нашиот брат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За ова би требало прво да поднесете молба во канцеларијата; таа би стигнала до шефот на одделението, до началникот на одделението, потоа би била предадена на секретарот, а секретарот веќе би ми ја доставил мене...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пари немаше и поднесе молба делото да не се става ад акта додека за извесно време не присобере пари за да вложи кауција.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Меѓутоа, од поднесената молба до царскиот Диван, рајата од споменатата Монастирска каза известува дека бившиот мутеселим Шефки-беј додал додаток и за оваа среќна година преку постоечките додатоци, со што ја покачил сумата на 135.000 гроша и со тоа ја натерал рајата да го продава својот недвижен имот за да го исплати данокот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)