подисправи (гл.) - и (сврз.)

И тетин ми како да се подисправи и одеднаш да се расони.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се создаде некоја врева, зачкрипеа кочници, а кога се подисправив и ја свртев главата - занемев од ужас!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Мајсторот се подисправи и погледнува. Неговиот партнер се смешка најделикатно.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во малиот и несреден двор, пак, влеговме низ една искривена железна порта која со чкрипењето навестуваше дека некој доаѓа, па уште пред да си го изодел каменото патече кое водеше до влезната врата, тетка Марија стоеше потпрена на рамката од вратата и го зафаќаше скоро сиот хоризонтален простор од што беше дебела.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)