подготви (гл.) - нов (прид.)

Во секоја културна и јазична средина се јавува потребата, во кратки временски растојанија (интервали), да се обновуваат постојните изданија и да се подготвуваат нови, селективни и авторски, избори од светскиот расказ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се подготвуваат нови објекти па се надевам дека „бетноците“ пак ќе градат во Пјештани, на Куплени Остров... - вели Полак.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Невооружените, во ова време, претставуваа голема пречка бидејќи вооружените партизани, кои беа потребни на друго место, мораа да останат со нив за да ги заштитат од можните бугарски напади“.162 При крајот на август, како што истакнува Ламби, се претпоставувало дека Бугарите подготвуваат нова офанзива против партизаните и поради тоа Апостолски решил да ја пресретне оваа нивна намера и да нападне прв.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Напладне, кога ние децата бевме обземени од игрите во дворот, мајка ми ќе ги собереше последните сили, па од брашното донесено од татка ми, се обидуваше со нови волшепства, со играта на своите прсти, кои како да не го имаа заморот на телото, во пресметувањето со секогаш истото тесто, да ни подготви нов ручек, различен од вчерашниот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Потребата да се подготви ново издание на Црни овци, имено, беше не само несомнена, туку и итна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Зашто молкот на кој се подготвуваат новите песни на Анте Поповски прилега на белинката меѓу два збора, на растојанието меѓу две книги,.. а најмногу на пат од еден до друг до трет... вокал - дом на врисоци и болки.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Мај ‘68-та беше иднина што продре во историјата и затоа таа толку слабо го разбра, а историското општество толку лошо го прифати. 74 Margina #22 [1995] | okno.mk Ни зборуваат за историјата на Европа и за потребата од поврзување на банките, осигурителните компании, внатрешните пазари, полициите, консензус, консензус, но кога станува збор за иднината на луѓето дали Европа ни подготвува нови чудесни збиднувања како ‘68-та?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)