подаде (гл.) - напред (прил.)

- Оди на цикна, на смрзнување... - тивко изусти Циљка и за чекор-два се помести лево, потоа десно и се подаде напред.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Жената се подава напред, ја потпира со рака главата...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Веле не одговори. Аргир беспомошно ги подаде напред рацете, како да бараше помош.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но пашата немаше време да праша - само го турна и ја подаде напред пушката.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Го гледав од скалите овој жолтообразест човек, со брада како мов, и еден нос подаден напред, искривен како кука на ченгел.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сега додека одевме кон скалите за да се качиме горе во собата, му го видов профилот, по малку пушкиновски, подаден напред, но целото лице подолгнавесто, горниот дел кај челото и очите поизразен, а долниот пововлечен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој се подава напред, кон него и ги шири воденестите зеници.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Пелагија стоеше под вагонот со отворена врата каде што на железната прачка се имаше потпрено и подадено напред Добра со Ленчето во рацете и ги пушташе своите топли солзи врз сестра си, велејќи Мила Пелагијо, црна сестричке, што се случува со нас?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Освен тоа, тоа извршува многубројни услуги, а најбитната од нив е довербата на раководството.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Глатка кожа, храбар изглед без дрскост, отворено лице - сето тоа го пленува раководството, особено ако градоначалникот стои со корпусот подаден напред, како во полет.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)