подаде (гл.) - празен (прид.)

И јас веќе можев да видам како од една разнина се исправа оживеана изветвеност на некого што бил и останал само сенка и спомен на своето минато, победник на својот пораз, исправен е и ги подава празните ракави кон мене или, доколку сум мртов за него, кон некого од некогашниот свој живот, а во неговата празна утроба се одмотува клопчето на агонијата и го враќа претсмртниот час на тој призрак - ќе му се исповеда мртвиот на животот, ќе не плисне со тајни и ќе не повлече очајни со себе во бездните на невратот, на тоа ништо, на тој измислен акварелен портрет потргнат од есенски дожд.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Какви се тоа вештачки дилеми? - ми потврди Живко и сам му го подаде празниот бокал на Диовецот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)