подаде (гл.) - остар (прид.)

Часови потоа, додека се освестував, прво што почувствував беше болката во мојата утроба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таму најде три спомени: во времето кога за неа многу нешта на светот сѐ уште немаа име, едно момче ѝ подаде остар предмет и рече: „Нож“; во времето кога сѐ уште веруваше во бајките, еден глас ѝ шепотеше за птицата која со клунот си ги раскинува градите и од нив си го откорнува срцето; во времето кога допирите ѝ кажуваа повеќе од зборовите, една рака се приближи до нејзиното лице и со јаболко го погали нејзиниот образ.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека полека тонев во бессознание, пред моите затворени очи се појавуваше едно дамнешно сеќавање: во времето кога многу нешта за мене сѐ уште немаа име, брат ми ми подаде остар предмет, и рече: “Нож.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)