подаде (гл.) - низ (предл.)

Но зашто тие се најдуваат од кај страната на Градишки Пат, минува веднаш под нив, то ест од кај страната од којашто постојано се заканува опасност, зарешетчени се со железни прачки па дури и да стане и да ги отвори, пак не ќе може да се подаде низ нив и да го види цел Станкоски Рид, - ги гледа само јужните падини на Горник, Дупка и западните падини на Зедница - заедно со Горник и со гробиштата на Рамник на Горник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога се подаваат низ подотворената врата да видат каде стигнале, ќе откријат дека се на истото место само најнакрај од сите колосеци.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кајмакамот пак почна да вика за предавање. Му се придружија муљазимот и бимбашијата; Шаќир врза на пушката едно бело шамивче и го подаде низ прозорчето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но во тој момент се истури залп од десетина пушки од аскерот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)