подаде (гл.) - шише (имн.)

Кирил му го подава шишето.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Трајче му го подаде кошничето со јајцата и му рече: - Нафта! - и му го подаде шишето од газија.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Гавранот, војнички удри со високите топуци на новите чевли и го подаде шишето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Стојан му го подава шишето со ракија и се врти кон Турчинот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)