подаде (гл.) - рака (имн.)

И потем ми подаде рака, ми помогна да станам, да се наместам и потсуредам; го фрли шишето во една грмушка и јас дури тогаш видов дека сонцето беше паднало ниско, и дека денот полека почнал да гасне.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Водејќи ја мазгата, се замислувам високо, на некоја точка од пепелавото небо, и ја гледам малата копачка дружина долу: двајца мрдаат во црвеникавата дупка, еден горе подава раце напред и ги враќа назад, маската како црн гуштер тегли споро донекаде, застанува и се враќа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дури и ведна со главата до под гранката како да ќе ѝ подаде рака да ја поткрене.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Колку Европјани треба цврсто да му ја подадат раката, на обезглавените Јужни соседи?
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Не успевам да подигнам нога, па, со помош од сестрата, која недраго ми ја подава раката, се пентерам на колена и сфаќам дека, како кучка, сум зазела позиција наопаку.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ја подава раката и наидува на празно.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сепак вујко ми Иле, добриот вујко Иле, кога тргнав, на разделба, кога му подадов рака за да се поздравиме, се колнам, ја остави вилата, го вадеше гнојот од шталата, си ги позабриша рацете од колената и пазувите, ме прегрна толку силно што чинев сите коски ќе ми испукаат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Пред неа стоеше белиот ангел со сини очи, со широка насмевка и подадени раце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога најмалку претпоставувале, видовитиот Дмитар-Пејко паднал на коленици и ги подал рацете кон нив. - Ми истечува крвта. Болен сум.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лапавицата се згусти и ветрот со брзината на возењето се зголеми и беше многу студен.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Љаке се појави целиот окапан. Им се приближи, им подаде рака.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„Како си, малечок“, најпрвин мене ми подаде рака.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И се наредија да се простат прво со Трајчета, ама овој уште бегот кога му подаде рака рече оти ќе ги испрати до порта, та сите се поздравија со Ристета за да дојдат на ред со Бојана.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Топлината тера на дремка, а над нив се подаваат раце, се туркаат за да најдат поблиско место до огнот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Некои од нив ги подаваат рацете нагоре, чекајќи млаз.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Последното чкртање на двоколките стивнало, од остриот звук земјата станала сунатица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Овој напор го огрди, уште повеќе го остаре неговото лице, уште повеќе му ги избразди и му ги искриви брчките.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тој не ја знаел темната јадосаност на Куно Бунгур и неговата вера дека соништата на ноќта што доаѓала се само негови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Проказник здробен во метежни визии го сонувал искинато и многу поинаку отколку што го доживеал дневниот настан во кој пукале еден на друг и се колеле меѓусебно луѓе што никогаш не се виделе, што не ги знаеле дребните радости и јадрите маки на своите случајни противници и кои судбината ги соочила среде крстопат на животот и смртта, ги поставила со своја умешна но и подмолна стратегија едни наспроти други, кукулинците, во игра на случајноста, со повеќе љубов за дружината отколку за осумте горјани што најпосле и не морале да се арамии или наемници на оној сур и таинствен Али-бег со повеќе прстења од злато и секакви скапоцени камења на рацете отколку што имал влакненца по рабовите на црвените, некако чудно вжештени очни капаци за кои најмалку еднаш годишно барал мелем против јачменчиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ми се стори ковчегот самиот од себе се издолжува, станува мерка на непознат човек од минатото, го ослободува од грч со својот простор, да се протегне, да ја подаде раката и на еден извежбан начин да го поткрене капакот, од ноќ на ноќ свикнат на неговото чкртање.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Бате Јоле не потрча по неа туку ги подаде рацете кон неа и триејќи го прстите со палците почна да ја намамува да се врати.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Така рече, а потоа ги подаде рацете кон печката.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Марија, гледај, и ја подаде раката. Уште е жива.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Веднаш ќе се вратам назад“, помислувам, небаре коњите ме повикуваат да тргнеме, но сепак ѝ дозволувам на сестрата, која мисли дека сум зашеметен од топлината, да ми ја слече бундата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
КОТЕ: А да ни подадат рака и Срби и Бугари...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Елена исто така ја подаде раката.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И потем Фисот ме фати за коса, ѝ рече на Луција „Избриши го“, и таа потем долго ме бришеше со шамичето; гледав солзи во нејзините очи; тоа не беше онаа Луција од разбојот, којзнае дали некогаш воопшто и постоела таква Луција, си мислев; гледав пред себе жена во солзи, сподобие страсно во писмо што го преточив, во песни; жена со очи гулабови; со коса како стадо кози, кога слегуваат од Галадската гора; со заби – стадо истрижени овци, кога излегуваат од капење, од кои секоја има по две јагниња и јалова нема ниедна; со усни – алова панделка, со уста слаткоречива, со јаготки на лицето како половинки од калинка; вратот ѝ е како кулата Давидова, изградена за оружје: на неа висат илјадници штитови – сѐ штитови на јунаци; градите ѝ се како близначиња од млада срна, кои пасат меѓу кринови; еве ја, плаче пред мене и ми ги подава рацете, и вели: дојди мил мој, да излеземе во полето, да преноќеваме по селата; утре рано ќе појдеме во лозјата, да видиме дали потерала лозата, дали се отвориле пупките, процутеле ли калинките; таму ќе те опсипам со милувања; еве ја, стои пред мене и јас ѝ велам: О, колку се убави нозете твои во сандали, ќерко знаменита!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- И нафрлете гранки над него. Проказник ќе отпее молитва. Ех, господи...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Живот кој несебично го делеше со сите што ја познаваа, дури и со оние кои за првпат ќе ѝ подадеа рака.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Книгата, ако човек ја сака, како брат знае да подаде рака.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ги отвори очите; не можев да ѝ го препознаам погледот – како да не гледаше во мене, туку во некоја друга жена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се заниша и ги подаде рацете кон првиот ѕид, не го допре.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Ти не знаеш колку сум веќе расипан“, ѝ рече тој и ја подаде раката кон неа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Стрина Менка, со очите полни солзи се потокми, ја преврза шамијата, ја избриша устата со рака и ги подаде рацете. Прво кон Шишмана.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Не, тој Прокоп до вчера уште башмајстор, сега подаде рака за корка леб и за малку место на чергата крај огинот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ја подаде раката, а во приквечерината, на нејзиното осончено лице, блеснаа во чудесна насмевка убави, бели заби.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сега можеш да ја допреш срната на твоите усни како магија како сонлив цут како подадена рака.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Ги подотвара очите и ја подава раката. ’Ма-ма’ Љубовта е страв.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Марија се доближи до Карл и ги подаде рацете кон него.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И навистина, кога мојата роднина Емилија подаде рака кон челото на скелетот зад нас се чу гласот на школскиот прислужник: “Не смее ништо да се допира.”
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ама, како што ја подадов раката, така и ми остана.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Конечно таа ја подаде раката и таму, на нејзината мека дланка, која на сончевата светлина блескаше како предено злато, имаше прамен коса свиткан во топка, како кожурец.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ја сретнаа две насмеани очи на момчето, кое подаде рака и поздрави на германски.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тој ја подава раката, додека летавме со велосипедот, ја фаќа месечината, тенка и блескава како срп и ми ја става на главата како венче околу косата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Иако тоа со душите, на Рада не ѝ беше сосема јасно, таа гледајќи кон спасот му ја подаде раката и изусти: - В ред.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Луѓето немо го заколнувале: раскажи, честит стрико, што си видел, и ние, ако нѐ посоветуваш, ќе му свртиме грб на овој безбожен мрак, со пеколот не се војува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Шишман ја подаде раката со лажицата давајќи знак дека нешто сака да каже.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Потоа, тваровит и разжален, ја подаде раката со долга пушка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Попот отиде право кај дедо ми и му подаде рака.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Шишман му објасни: - Се плашев да не ми се откачи некако ноќеска, господине, па да стерам некоја несторенија, Сега ќе ја наполнам, - искрено рече тој и ја подаде раката кон пушката.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Не можеа да си ги видат очите, беше мрак, не смееја да си ги подадат рацете, би било многу необично и многу ненадејно, но можеа да го чујат шумното дишење еден на друг и да го чујат секој за себе лудувањето на сопственото срце.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Винстон стана и О'Брајан му подаде рака. Неговиот моќен стисок ги згмечи коските на Винстоновата шака.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А тој, додека таа, со бледо конче на насмевка, со една незабележаливост на усните, безживотно му ја подаде раката, ја испитуваше со поглед, бараше во што е изменентоста.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Пред да се разбуди ја подаде раката, како во сонот да бараше некого.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мартин во првиот момент не знаеше што да прави, беше без волја да заигра, но сепак ја подаде раката кон едно од децата што бегаше тој момент крај него и успеа да го допре.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Здраво“, ѝ се насмевна и ѝ подаде рака. Таа млако му ја подаде својата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И уште Толе не слезен, шишкото се проби преку обрачот и му ја подаде раката на Толета.: ....
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Некоја жена што не ја гледа му подава рака да се поздрави.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
ПАНДЕ: Да ни подадат рака, тие да ги отворат клештите однадвор, а ние од внатре, али чесно!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Влатко стана, пружајќи рака длабоко воздивна за да рече: „Сè ни кажа Нина за тебе!“ ја прифати подадената рака Иван.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Врз челото имаше само три кадрици. Одеше право накај нас.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Посакувала да види дека, на нејзиниот постар син, нејзините од Цариград му подаваат рака, во судбинското време, за да го повлечат првин него а, потоа, и сето семејство.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Одолговлечувате, - рече војникот и не свртувајќи се ја подаде раката назад кон Миладина.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Братучед му потстана кога овој се приближи до масата и му ја подаде раката.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Пандо подаде рака и рече колку што можеше помирно: - Крстовице, за тебе е... и... и Бог да го прости...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Божем од нас никогаш нема спокојство; сме се развикале во ниедно време; сме биле зинати усти -како раскракани чавки.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Селото ќе ни се наполни со џган... Ќе му пресудам, браќа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да можеше да се помрдне, ќе ја подадеше раката и ќе ја положеше на О'Брајановата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Намрштено ми ја подаде раката; јас силно ја затресов, но освен тоа што дебелите румени обравчиња кратко му завибрираа, раката му остана млитава во мојата рака, исто како и раката на братучетка ми Кристина, едно мало, слабичко девојченце со огромни очила со дебели стакла.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Утрото го донесе писокот на Милка Русјакова. Уште нерасонета и неопулена, ги подаде рацете кон мажот, а него не го допреа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Јас сум Борис, - се претстави и ми ја подаде раката. Игравме долго.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Марија првин не подаде рака...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но Арсо Арнаутче не ги подал рацете како што очекувал Лозан Перуника, да ја прегрне, да ја здроби со машката набрекнатост, да ја ослободи, а и себеси, од маката на копнежот и од копнежот на исчекувањата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зоран зема едно колаче, но уште тоа не го изел, мисли веќе на друго и ја подава раката кон подавалникот.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И слезе од килимот, седна до мене на креветот и ми ја подаде раката.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Застанува на прозорецот и во јасната ноќ ги гледа обрисите на каменити ѕидови и кулите на тврдината Једи-куле, одново претворена во зандана, извишена и раширена по ридот што се крева далеку од морето, од кој залудно се протега најубавиот поглед врз градот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дине се измолкна од купот, застана крај децата, ги подаде рацете лево и десно, тие се счепчија за нив и ги однесе натаму.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Девојката подаде рака кон Фимка и болно - молежливо, пеколно изусти низ литеж: - Мајко... мајко мила... - скршен шепот и липтеж.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не се бранеше, Проказниковите обвинувања не му ја засегаа душата, но бездруго му студеше или се срамеше од извалканоста на своите гаќи околу кој се мавташе долг учкур.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Томчо ги подаде рацете. Прстите му го набараа малечкото растреперено телце на животното.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Жената неколку пати, како кобилата опашката кога се брани од муви, ја подаде раката назад, но девојчето не престана да ѝ додева.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ја подаде раката и ја откри нејзината нога, дојде до коленото, го сети нежното месо над него, полека упатувајќи се кон местото на најголемите таинства, и пред да стигне таму, таа му ја стегна алчната дланка со нозете, не допуштајќи му да оди потаму.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Си украл, му рекоа. Покорно ги подаде рацете кон нивните челични лисици и појде барајќи ги моите очи да се прости од мене.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И кога Борис Калпак се обиде да се урне со сиот бес што го собирал во грлото, во крвта, во срцето, на предолгиот пат од Кукулино до оваа куќа во која се загнезди нашата коба, во која таа коба стана несреќа на недолжни луѓе, навистина кога Борис Калпак ги крена рацете кон очите на бегот, во истиот миг кога старчето водено од претчувство се склопчи во огништето, еден од слугите ја подаде раката продолжена со црна кубура.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Автоматски подадов рака кон моето чело и го напипав тоа што пред малку Игбал ми го залеми меѓу веѓите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ја подаде раката и го допре со прсти студеното огледалце на ноќната масичка.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Уште дедото на некогашниот маскар кој ги минувал овие патишта, еднаш дури и со благородниот патник Челеби од Стамбол, раскажувал во Кукулино за тој град од камени куќи, стари мостови, џамии и беговски кули и прозорци од зелено стакло и со стотици чешми и водоскоци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ние помисливме дека тоа недоносче штом ќе порасне, ќе окрепне и ќе ни подаде рака и ние со него да заживееме слободен живот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Колку си убава! – вели и се смее. Се смеам и јас и жал ми е што немам огледало да се видам како изгледам со месечина во косата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ова тврдење постојано методски го мелеа и сѐ повеќе распалуваа колективна омраза кон човекот за кого сме пееле песни, сме го славеле и за земјата која прва ни подаде рака, нѐ хранеше, нѐ вооружуваше и ни ги лекуваше раните.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во таа илјада осумстотини триесет и петта година умира композиторот на Норма, Белини, и се обвиваат со филц и гума тркалата на парниот автомобил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ДОКТОРОТ: (сиот сметен) Добро вечер, комшија. (My ja подава раката на Богдана).
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Петрович му ја зеде ризата, првин ја спростре на масата, долго ја разгледуваше, заниша со главата и ја подаде раката кон прозорецот по тркалезната табакера со портрет на некојси генерал, на кој имено, не се знае, зашто местото каде што се наоѓаше лицето беше пробиено со прст, а потоа залепено со четириаголно парченце хартија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Челникот и човекот на коњ продолжиле да се движат еден кон друг како по некој поранешен договор, без брзање, бавно, секој со своја срдечност - така изгледало - да подаде рака за поздрав, не намерници на кои животните врвици им се составуваат случајно туку стари познајници и приврзаници на човечко пријателство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еден му подаде рака на Шишмана.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Послушно тргнува накај својата рогозина, каде што, ја води Пандо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Мачката лежеше врз мене, ме гледаше и ’ржеше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Со дланка ги собра капките пот од своето чело и ги избриша испишаните зборови од голото теме на оној што до тој миг претствауваше писмен документ.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
А за Бисокиот и неговиот другар си слушнал?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Подадов рака за уште еднаш, сега во ова ноќно доба, да ја видам увеличената фотографија што беше внатре и која ми ја беше испратила жена ми Агна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Остап му подаде рака на диригентот и пријателски го праша: - Песни на народностите?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Подадените раце ќе се прекрстат околу Прилеп-Битола.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ја отворам и барам меѓу моите инструменти; младичот, сепак, ја подава раката, посегајќи кон мене за да ме потсети на моето ветување; ја дофаќам пинцетата, ја посматрам на светлината од свеќата и повторно ја враќам на нејзиното место.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Младата жена ми се насмевна љубезно и подаде рака кон чантата, како да очекувала некој да ја донесе.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ете, знај, од ваа вечер си капарена и свршена за Илка Сукалов од Витолишча, Дедовците станаа, се приближи и невестата Менка и им подадоа рака на Илка и Доста, им честитаа, и армасувањето се сврши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Коа је подошла сфеста, се мислила и се думала секако, шчо да напрајт; али таа да умрит, али девера си да г'отрујат?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Само ја подаде раката и полека, најнежно што можеше, ѝ ги затвори очите.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Елена му подаде рака. Збунето. Изненадено. Не можеше тоа да го скрие пред Марија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Симон ја сети мојата возбуда и направи некое движење како да сака да ја подаде раката кон мојата коса. Но не ја подаде.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кон Хелвиг подадоа рака, еден по друг, двајца средовечни луѓе.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Го заниша со здив. Подадов рака да го допрам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ивона нежно со благ наклон ја подаде раката прво на Саво, а потоа и на Снеже.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Овојпат ми беше уште потешко да ги закопчам панталоните: при напорот да ги приближам копчето и дупчето во кое тоа требаше да влезе, чувствував огромна болка во стомакот, па така си ги покрив панталоните со маицата и недозапетлан, излегов надвор.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се пожали дека му е студено.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Црната кадрава коса и ги покрива рамената, се распостелува по плеќите, го допира подот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Рада му ја подаде раката, одговарајќи со коментар на комплиментот на Саво.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На подадената рака подаде рака. Нежни усни даруваа уште понежен бакнеж на просторот меѓу зглобот и нежните прсти.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Во што е работата, другар?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сите наеднаш ги подадоа рацете и ме зграпчија и, пак наеднаш, ми заличеа на луѓе што се горди со својата победа. Пееја...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ако не подадеш рака ти ништо не ќе фатиш, не си ли пошол негде нема ни да се вратиш.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
А, можеби, набрзо и мене, в радоста силна ќе ми подадете раце..." Го изрече ова...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Стојат, ја гледаат, кон неа подаваат раце и ја викаат да дојде горе, на чардак.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Покорно ги подаде рацете кон нивните челични чисици и тргна барајќи ги моите очи да се прости од мене.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Марија го одведе до влезот на хотелот. Му подаде рака на разделба.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
ФЕЗЛИЕВ: Зошто толку строго пред самиот почеток? (Му ја подава раката на Младичот.) Те замислував токму таков.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Од лицето со зачудено извиени веѓи полека ѝ се изгубила светечката благост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- И слепо и чкулаво подава рака по змиско јаболко, се лутел Симон Наконтик како осамен светец на семожни гревови позамрсени и од волчи црева, всушност повеќе исплашен отколку величествен набожник зашто го потресол крик на див петел од лесковата шума на селото, предупредување на смртта што брза кон такви каков што бил тој, за кого женското милување претскажувало почеток на пропаѓањето на светот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Му ги подаде рацете и го гушна во широка прегратка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Методија се смести, ги подаде рацете над огнот и загледан пред себе во огништето присторе: - Проедрото.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Само, ви се мола на обајцата, да си го држите зборот. Бесата бес, шо велаат Арнаутите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Договорено, - му ја подадов раката.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Мислев дека Дино ’рчи, па го подбуцнав со рака, но ’ржењето не престана.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Бавен во движењето, Водомар ја подаде раката и го крена ракчето.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Со надеж на исцелител го подал рацете и исправен, и во тврдоста нечујно подвижен, зачекорил несовитлив во половината и во глуждовите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Нејзиното чекање бели книги од Ристо и радосни вести за Ристо заврши со писменцето што ѝ го даде Пандо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ја подаде раката кон него – беше тоа бавно движење, можеби сакаше да го погали, а потоа, пред да го допре, ја сврте раката кон себе, подеднакво бавно ја приближуваше раката кон своето лице, но пред да ја спушти на него ја пушти надолу, во скутот врз излитениот фустан.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Денот сега си заминуваше зад некој срт пред него, како некој што те остава на среде река, без да ти ја подаде раката, и тука беше попусто секое довикнување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А таа тешка задача ќе се постигне само ако Македонецот од Северна Македонија му подаде рака на својот брат од Јужна Македонија и оној од Западна.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Го виде Долгиот како бел ангел клекнат на колена како ѝ подава раце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Си му судел на маж ми, мене не ќе ми судиш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога влегов тој се сврте кон мене и подаде рака кон шишето.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— И му ја подаде раката: — Држ', држ држ ме да стана.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога потоа се запраша зошто е толку нервозен, сфати дека си мисли „Гадот се ожени и не живее веќе со мајка му“.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Му подаваат рака, го водат кон самопослугата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Што да правам, кому да подадам рака и да речам, биди ми пријател?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Добро вечер, - рече тој и ѝ подаде рака на Вера.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Здраво - ѝ подаде рака на Лиле, со извесно колебање во гласот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Вели: „Гледам Обама му подал рака на Меккејн и го поканил да соработуваат.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Се сместивме удобно врз неговиот летачки килим и брзо ги надлетавме планината Бистра сосе сите нејзини потоци и шуми, сосе Мавровското Езеро и сите села и викендички околу него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Над него висела на невидливи сончеви нишки црвеникава ветрушка; наслушнувала песна на кос и со остро око ги демнела движењата под себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа воочлива декорираност на иерархот, Германците се правеа дека не ја забележуваат, меѓутоа чувствувајќи ја свеченоста на мигот што со тоа митрополитот им ја сугерираше и тие останаа да стојат пред посетителите.  „Да Ваша еминенцијо, таа листа ни е неопходна”, ја подаде раката СС командирот Беренц.  „Добро, но најнапред ќе ви го покажам писмото што го напишав до една значајна личност”, рече владиката и од под расото извади лист хартија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
При сѐ што беше попо пијан, кога чул оти му рекла „на!“, веднаш беше се острелоушил и ја подал раката да земит тоа што ќе му даит чоекот, што му викнал „на!“, и чоекот го грабнал за рака, та го изваил од калта.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Јаков Иконописец, сега со мудречка неизвесност на лицето, жолтеникав и мал, премал и за бостанско плашило, ги подал рацете кон петте сонливи старци што се доближиле со израмнет чекор. - Одбранете ме, стриковци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зошто небото не ти подава рака?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ајде со мене, - ми ја подаде раката.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Зар беше виновна што ги подаде рацете и се предаде за најсветото нешто што ги поврзува луѓето. Зар на љубовта сите не ѝ се поклонуваат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Само ѝ ја подаде раката, која таа ја стегна со светнати очи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Не те очекував,“ продолжи мајката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Размисли, размисли добро, пред да си подадеме рака. Зашто, еден ден, тајната би можела да почне да ти тежи.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Дали спасението и воскресението се поништување на трагичното, или само утеха?,“ прашав, додека раката ја држев и натаму испружена кон мајката и синот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На таквите запаленковци, доволно ќе им биде да се сретнат на пешачки премин додека е во функција зелениот сигнал на семафорот и да си подадат рака во знак на разбирање.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Љубовта на Добрата Душичка и Макс започна уште во мигот кога тој ја подаде раката кон нејзиното чело, и ја изваде забодената игла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Изминаа, уште летоска, две години од неговото паѓање и од заточението.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ми треба помош. Навистина, еве, повторно ќе кажам дека ми треба некој што ќе ми ја подаде раката и ќе ме спаси од пропаста.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ја подадов раката и Маци ми се доближи.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во тоа време некој Кандило Кучевишки, инаку познат и во Кукулино како човек што без болка може да крши речни камења со рака, се прогласил по еден сон за светец и со своите синови седуммина или осуммина, почнал да гради црква со своја лика на ѕидовите - тој прв ги подава рацете кон новородениот Исус во сина пештера и тој прв клечи на Исусовиот воскрес.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Еј, а кој е тој на кого толку многу му се допаѓа девојката, која изгледа треба да сум јас, а ете, одбивам да му подадам рака на давеникот, а давеникот изгледа си ти?“, му рече, повеќе за да го исфрли од рамнотежа одошто да го натера да го напушти заобиколниот пат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Мина со поглед од еден до друг како да нѐ пребројува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И, додека е во тек преселното движење на холандските Бури од еден во друг дел на Јужна Африка, ларпурлартизмот ѝ готви на уметноста стапица за да ѝ ги скине врските со животот, граѓанската класа во Шведска бара укинување на племството што можеби, според правдата на развитокот, ќе подава рака да испроси трошки од „никаквечката“ трпеза.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се позамисли малку, се позатрлка, небарем триста болви го нападнаа, ама кога си ги припомни вчерашните маки, парите му се видоа ѓубре, та со светнато лице му ја подаде раката на Арслана, небарем ја постигна цената која требаше да се даде за купениот предмет или стока: — Аирлиа нека е муабетот тогаш, мудурбеј!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
До судниот ден се клеветеа и се плукаа на растојание и никогаш не си подадоа рака...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кузман застана пред мене и сериозно ми подаде рака. Под неговите заби крцкаше килибарениот цигарлак.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Некако го симнал од себе тагарџикот со леб и во лак ја подал раката кон грбот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Можиме да влезиме? Старичката им подаде рака и ги внесе дома.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пандо му подаде рака.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Темнокостенливата коса, прибрана високо над тилот во бујна опашка, ѝ паѓаше до рамениците.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
До нив клекнал Трипун Караѓоз и ги подал рацете да се погрее. Пламенот му го позлатувал носот, очите му солзеле од чад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој сметна капа и си ја подаде раката: - Дозволете да се запознаеме. Франц - бивш народен учител.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Стигнавме до растока. Но и на растока има место да се подаде рака.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Лесно се наведнува над неа, ѝ подава рака и полека ја извлекува од снегот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Луѓето од дружината наеднаш се почувствувале измамени по долгиот пат на кој коските на другарите биле патоказ од пекол в пекол - ги пречекува куп суви очи, никој не им подава рака, не ѕвони смеа на деца и не се слушаат женски извици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И таму некаде, во тие кругови, ја гледа мајка си која подава рака, но круговите се намалуваат, се намалуваат и таа исчезнува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Откако само еден момент ги погледна држејќи се со рацете по колковите како да се исправа од работата, му ја подаде раката на Котета, воедно велејќи за поздравувањата и со братучедите што беа еднакво одмерено и здржано срдечни: - Ај добредојдовте... .
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тоа мислејќи се, са ноќ не сум заспал и се предумаф да те помола тебе, да се мениме со работиве: ја' некоја година да поседа дома, а ти да поеш на мојата работа!“
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Просто се вкочани како манекен, бркна во џебот, извади една десетдинарка, и дури откако ја остави на масичката, сосема малку ја подзаврте главата колку за да види што ќе земе, ја подаде раката, го преви весникот што му беше подаден, го стави под мишка и продолжи да чекори исто онака студено и исправено, загледан повеќе во својата далечна цел отколку каде било пред себе.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Синот на Пајко како попарен скокна и подаде раце кон неа. Ја фати за раменици, ја стресе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Луција не знаеше како да ја нарече, па ги подаде рацете како дете кое паѓа во прегратка.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ме погледна под очи, ме одмери со недоверба од која грлото ми се сушеше и подаде рака.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ѓорѓевица му подаде рака и го внесе во одајата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Добре дојде во моето родно место – рече Игбал и ми ја подаде раката да станам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дали мотивите на селаните да ја осуетат Симоновата помош, да ја одбијат подадената рака и на крајот да го понижат, се провоцирани од инстинктивната самоодбрана од натрапникот, од препознавањето на помошта како подлост насочена само кон лична полза, од одбивањето на услугата за со услуга да не мора да се плати или да се остане должен?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не му ја почувствував меката кожа под дланка, иако се уште гледав питоми очи.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Тогаш Шишман, со главаа несвртена кон работата, млитаво ги подаде рацете.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога им се допреа образите во поздравот, тој виде дека мазниот образ на човекот во костумот, светнат од колонска вода, го сече долга лузна, сѐ уште по малку црвена.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тој стоеше достинствено исправен, со широко издадена рака, потпрен на својот свечен пастирски стап.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А тогаш, наместо вода од тушевите, однекаде се шири отровен гас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јаков ја подаде раката и ѝ ја закрена ноќницата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се вкочани како манекен, бркна во џебот, извади една десетдинарка и дури откако ја остави на масичката, сосем малку ја одзаврте главата колку за да види што ќе земе, ја подаде раката, го преви весникот што му беше подаден, го стави под мишката и продолжи да чекори исто онака студено и исправено загледан повеќе во својата далечна цел одошто каде и да било пред себе.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
И потем, му ја подаде раката, се поздрави со Јосифа колку што можеше посрдечно и поблагодарно.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ако Партијата може да ја подаде раката во минатото и да рече за овој или за оној настан дека никогаш не се случил - тоа бездруго е пострашно отколку обичната тортура и смрт.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Високиот гардист застана и ја подаде раката кон топузот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
„Се качив на врвот од планината, го сочекав самракот, потоа срамежливата, добра светлина на првата ѕвезда, па втората, третата, другите ѕвезди на темната дланка на небото ги палеа своите оганчиња, и јас знаев дека сите самовили, сите џуџиња, сите духови на претците се таму, на нив, на блиските ѕвезди, дури и фараоните, и светците, ја разбираат мојата желба, ми ја подаваат раката“.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
И така, сѐ уште клечејќи, на подот ја посла црната шамија, ги рашири рацете и зареди: - Ристеее, чедо, стани, Ристеее...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ја подадов раката да го допрам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Јас бев единствената жена. Тапкав бавно надолу, без да имам на кого да подадам рака и да се потпрам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
По завршувањето на изградбата на бетонските темели, ние, техничарите, почнавме со монтажа на челичните столбови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нема храброст да ја подаде раката, да го наалка местото.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Застанаа некаде во центарот. Му подаде рака на разделба.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Мило ми е, Леме, - рече татенцето и ми подаде рака, ме уништи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Не ќе подадам раце по тебе, ветвуштенику, за да насаскаш пци на мене.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Брат ми молчеше. Јас ја подадов раката кон сликата, кон очите на мајката застаната крај синот што умира, кон распнатото тело кое издивнуваше пред очите на онаа која го родила.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Брзаница испив само шолја млеко и се стрчав наудолу.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Продолжил со здрвени нозе потешко отколку што можело да се замисли.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не се веднеа да му подадат рака и да го смират, се потргаа од неговото грчење и чекаа: ќе се исцимоли, ќе каже како ја запалил лесновската куќа. Го жалев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Испитувачите тогаш искрено ми честитаа, ми подадоа рака, проклет да бидам, се поздравивме.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Нешто навистина слушнав.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Ајде – рече и ми ја подаде раката за да ми помогне да станам. – Ќе те одведам на една прошетка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Простете, им пришол Васко Тушев; очите сѐ уште го болеле - ја слушал во ноќта својата песна, со разденувањето ја заборавил, останала пустош во душата; еднаш, во некоја друга ноќ, ќе се сретне со сенката на својот мртов баџанак и пријател, те чекам, дојди, ќе му рече таа сенка, и тој ќе ги подаде рацете кон сите сеќавања на својот живот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој викна, се расплака, подаде раце кон мене, ама двајца војници ја подигнаа задната штица и, уште недобро затворена, камионот тргна.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тоа е ангел кој ми подава рака.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нивната љубов, а тоа не беше љубов, затоа што љубов е само она кое вљубените ќе го наречат така, а Добрата Душичка и Макс не го нарекуваа никако она што беше меѓу нив; тоа беше како да чуваа од згаснување некој тивок оган на кој се грее душата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сите наеднаш ги подадоа рацете и ме зграпчија и, пак наеднаш, ми заличија на луѓе што се горди со својата победа. Пееја.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сите луѓе, како што беше случајот со Ескимите, стојат пред нас со подадени раце очекувајќи да им го врачиме благословот од волшебникот Желбоноско!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Тој ја подаде раката кон празничното благо.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ако мајка му е во Прењес, кој ќе го најде писмото, нека ѝ каже. Јас, Паскал на Аргировци сум ранет...“
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Да си подадеш рака па да се истргаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јован Стојче-Столетников и Симон Наконтик го разгорувале огнот. Се намалувале, можело да се биде и помал виновник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој ни е кметски, - му објасни Рангел на Коча. Кметскиот пак се усмевна и си ја подаде раката.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Ух, ќе заборавев.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Елена истапи напред и Ј ја подаде раката.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во тоа време гледав како тетка Олга пребледува и ги подава рацете накај шолјата, небаре ќе фати нешто што ќе излета од неа, а потоа како устата полека ѝ се искривува.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Пајакот малку се повлече. И, како да сфати дека немам лоши намери, пак ми се доближи.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Кога со своите подадени раце и со некоја темјанушка на усните меѓу уште подзарцвенетите обравчиња, куклата покани “Повелете“, од рацете на Дедо Мраз испопаѓаа јажињата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
— Море ми, тука ли си, в'кот да те јаде! — проговори Митра и му ја подаде раката на Јована.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На приложената тврда хартија беше фино испишаниот хронограм со црвени и со златни иницијали: Кога Добрата Управа и Благородната Вештина Си подадоа рака една со друга, Настана овој прекрасен мост, Радост на поданиците и гордост Јусуфова На обата света.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Полна е со тесни улички и сокаци во кои куќите речиси се допираат а од прозорците луѓето можат да си подадат раце за поздрав.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Онисифор спиел со студена грутка воздух во грлото и со коленици залепени за длапката на мускулестиот стомак но обеспокоен од сила на необјаснива враџба, се тргнал и ја подал раката кон кубурата на педа од него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А Крстовица првин се стаписа, се слиса, ѝ стежна срцето, се стресе како да ја зграби студешница, нешто стопоти во неа, саклет ја стегна, ја сподави, пред очите сѐ повеќе ѝ се згустува мракот, се свиткуваат гредите, се навалуваат ѕидовите, стега таванот, нозете супрашка ѝ ги пече и санкум скудоумна, олелека најпрвин тивко, болката во липтежот ѝ ги искриви усните, ѝ го огрде лицето и, гледајќи наоколу со молбен поглед, подаде раце...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Таа го гледаше скаменета, студено му подаде рака и уште постудено го запраша: - Дојде ли?
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој подаде рака.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Онаа што му беше шеф го прочита последниот пасус што го напиша.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сепак подаде рака кон писмото.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Партнерите можат да танцуваат, да си подаваат раце или дури да играат фудбал.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Па така, ја подадов раката и реков: - Убаво маче тоа...
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Нема лутење, братче“, Љупчо ми подаде рака.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Тој прстен, тој прстен, крмнаку нечист“, веќе со турски зборови повторуваше бегот со приковани очи за зелениот камен на Калпаковиот прст. „Го уби, ти го уби?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стале со радост му ја подаде раката на дедот Арсенија и рече: — Аирлија нека биде саатот!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)