подаде (гл.) - писмо (имн.)

ЛУКОВ: Одлично. (Му го подава писмото што го имаше Фезлиев.) Сега, веднаш со ова писмо ќе појдеш кај Иванов и ќе му ја раскажеш случката.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ми подава писмо, дали сум јас Никола Боткин ме прашува иако знае и кој сум и што сум, и зошто го гледам со недоверба.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Полицаецот ми го подава писмото и ми вели: - Повели, пак те викаат за борба.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кајмакамот се присети на случката во битолскиот затвор кога Гоце го насамари мудурот, претставувајќи му се како господин Модијану од Солун, и страшно се возбуди, плашејќи се да не го насамарија сега и него како мудурот во Битола. Ho овој ред од таа страна беше поштеден, бидејќи кога стигна во конакот затече суварија штотуку беше слегол од црниот ат и му подаде писмо од самиот валија со кое го известуваше дека навистина тргнал италијанскиот конзул на кого ќе треба да му ги предадат комитите, доколку немаат свршено работа со нив.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ми подава писмо, дали сум јас Никола Боткин ме прашуваа, иако знае и кој сум и што сум, и зошто го гледам со недоверба.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кога пукна Шаќировата прва пушка, a по неа залпот од Чамичаушовите заптии, Бајракот, Грабула и Гермовчето ги пребројуваа лирите што ги донесоа Јован и Шакир, во темното и тесно одајче кај Грабула.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Ангелија... Седеше в претрупана полутемна одаја на железен кревет и имаше златникаво зелени очи. Ѝ го подадов писмото и се наведнав над леѓенот во чија вода некаква ситна бубачка очајнички пливаше во круг.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Од подотворената врата виде како мајка му, без било што да каже, му го подаде писмото на татко му, што беше дошло од жената.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)