подаде (гл.) - книга (имн.)

Суљо му ја подаде книгата и со неколку збора му објасни од каде и зошто иде.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Камилски не рече ништо, туку само, пред да му ја подаде книгата на Татко, држејќи ја од двете страни, му ја покажа за да може да го прочита името на авторот и насловот: Neuman Weissman, Les Janissaires, Fасult des letters, Paris, 1938 прочита Татко гласно.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но тие не смееја да отстапат од наредбата на директорот на хотелот, кој во престојот на Камилски гледаше престиж за хотелот и затоа трпеливо го гледаа Камилски како им подава книга по книга откако добро ќе ги погледа и погали.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Му ја подаде книгата на Сликарот и некако придушено, речиси шепотно, му рече: „Одговорот на оваа чудесија треба да го побарате во оваа книга, под одреденицата „Фазли паша“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)