подаде (гл.) - вода (имн.)

Секогаш кога, во потрага по Владимира, ќе достасаше дружината на полето каде што тие жнееја, ќе поседеше на полозите а тој, Арслан бег, наредуваше таа, Руса, да им подаде вода.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Гарванов само промрмори колку да каже нешто: — Секој си е сајбија на својата глава, Ѓорче!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кој е за бегање — патот му е прав — нека си оди со здравје, — го заврши Ѓорче својот краток, но пламен говор сред дабовата корија и порача на еден од неговите четници да му подаде вода.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Велам: старички му подава вода и сол на намерникот и го прашува каде е нејзиниот син...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
АРСО: (Бргу да поправи.) Не е жеден чорбаџи Теодос...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СТОЈАНКА: (Му подава вода на Теодос.) Повели, чорбаџи...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Кога качакот си ја поврати душата, кога ги отвори очите, не веруваше дека Делин му подава вода.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Дежурната болничарка подаваше пијалоци на карневалот, и немаше кој да им подаде вода на оние кои умираа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги тргнав рацете од склопчената кошула што ја придржував на стомакот под фустанот, за да можам да го земам шишето со вода што стоеше на масата, и турив неколку голтки во устата што молеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)