подаде (гл.) - некој (зам.)

Штом ќе ја сетеа по кроткоста и тишината која пред неа одеше, ќе ја оставеа работата дуќанџиите, пиљарите и касапите, коларите и браварите, ќе брцнеа по џеповите и ќе ѝ подадеа некоја паричка како за среќа, како камче против чинка, како прав против урокливи очи и баксузлии жени.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Брезничани просто зинаа во него. Се подадоа некои кон него дури и потстанувајќи од местата на гредата со начулени уши.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)