погледа (гл.) - кон (предл.)

Гладно погледа кон оркестарот. Празен беше столот на онаа што ја бараше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се мачи да се одлепи, невината, го поткрева главчето, прпелка со крилцата, и секој обид одново да погледа кон сонцето - е нова казна: стежнува нејзиното тело, сѐ подлабоко и побезнадежно само се заробува во смолата...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Невозможно, си рече и пак погледа кон оркестарот. Капелникот дискретно го поздрави, со почит.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ниќифор Правдољубивиот имаше остро око и блескав ум, но кога ќе погледаше кон водениот часовник, ја забележуваше само градираната скала на долниот сад.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Господе, господе почнал отец Иларион да шепоти и да ѝ се оттргнува од рацете, но допирајќи го своето лице до нејзиното почувствувал возбуда по снагата и почнал пополека да ѝ се припива со телото, да ја разгрнува мантијата, да се распетлува, и во мигот кога требало да ја зграпчи, да ја впие во себе - погледал кон прозорецот, чул нешто, се исплашил, викнал Боже спаси ме и избегал надвор.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Чекај“, наеднаш скокна дубровчанецот и втрештено погледа кон небото - денеска сме житар? Да, четврти.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)