погани (гл.) - време (имн.)

Некое време чекаат да се отвори портата и да ги прими внатре на Имотот, а потоа однатре, од зад портата, се слуша гласот на Васила Митрески, тој е втор доверлив Максимов човек на Имотот и дека е алипен на едната нога чувар е на сиот куќен имот Акиноски, па затоа единствен тој во овие погани времиња ги има во себе клучевите од сите имотски порти и визбите: Вие сте, господару, прашува Васил. Ние сме, вели Максим.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Овој недосетлив начин на договарање во оние погани времиња, кога првин сите страни се грвалеа во Потковицата, се истребуваа една со друга, се сменуваа една по друга, колку што им помогна толку и зла им нанесе на жителите на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)