погали (гл.) - нејзин (прид.)

Светот добиваше ерекција кога ќе го погалеа нејзините долги, клавирски прсти. И тој исто така.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Таму најде три спомени: во времето кога за неа многу нешта на светот сѐ уште немаа име, едно момче ѝ подаде остар предмет и рече: „Нож“; во времето кога сѐ уште веруваше во бајките, еден глас ѝ шепотеше за птицата која со клунот си ги раскинува градите и од нив си го откорнува срцето; во времето кога допирите ѝ кажуваа повеќе од зборовите, една рака се приближи до нејзиното лице и со јаболко го погали нејзиниот образ.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дојдов по неа во седум и ја одведов до ресторанот „Ми гропа“ кадешто таа педантно го одвојуваше секое делче месо од нејзиното јадење „пат таи“, ја набљудував додека ги пиеше четирите шишиња „синга“ од по три долари литар, а потоа нежно ја погалив нејзината коса која мирисаше на балсам додека таа дремеше гледајќи го „Терминатор“ во киното во шопинг центарот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Испивме по пијалок во „риголета“ пица барот (и две парчиња пица со сирење) и ја испратив дома. Штом се качивме до нејзиниот стан таа ја отвори вратата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го сврте кон мене долгото, елегантно и страдалничко лице на своите пуритански претци и ми ја пружи раката.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)