повтори (гл.) - свој (прид.)

Штом не кажувате кои сет, значи сите сте такви! — се развика бесно и му се обрна на јузбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Никој глас не пушти. Тоа уште повеќе го налути стариот беј и го повтори своето прашање, и го потрети.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Можете ли да го повторите своето презиме? - вели секретарката. Го повторувам презимето, „спелувам“...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Научиле еден многу важен збор и решиле веднаш да состават хор.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Надлетувајќи ја колата во која лежев неподвижен, гавранот и сега го повтори својот рефрен „опа-копа“.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Меѓу стеблата во снегот стоеја вдлабнатинките од испаѓаниот окит, како единствени измешани дири, што покажуваа дека тука наодамна поминал со својот палав чекор на заводник тој јужен ветер, а потем отпатувал натаму во длабините на шумата, од каде што сега, заедно со она трубење, се слушаше како понекогаш прикрцкуваат гранките, кои сосема им се подале на неговите топли игриви прегратки, така за тој да може дури и да ги однесе на својот пат и остануваа скршени со онаа слатка болка на трудницата, или пак продолжуваа ритмично да го повторуваат своето занесено стенкање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Си се препознал - го повтори своето тврдење Грофот но овој пат без да ме погледне. – Подобро е да ми веруваш мене одошто на сеништата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Никогаш не го игнорирам сомнението - и овде го прекинав мојот одговор.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Затоа и ви го препорачувам бифето“, го повтори својот совет службеното лице, но овојпат покажа и со показалецот кон сниската зграда со ситни прозорци исполнети со скржава жолта светлина негде на почетокот на плочникот, или пак од другата страна на улицата, на самиот свиок.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)