поврати (гл.) - во (предл.)

Му туриваше и илачи во склештената уста за да го поврати во свест.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Татко ни велеше дека уште од најраните години на животот треба да ја учиме уметноста на читањето, таа најсилно се создава во детството за да посилно ни се поврати во залезните години на животот. Така никогаш нема да останеме сами во животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Луѓето пиштеа и ѝ тураа сѐ и сешто в уста за да ја повратат во живот, а Профим ја удираше главата од вратата на собата и викаше: „Изрод родив, не ќерка...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Инаку постојано тонеше во бунило; му се заплеткуваа некакви полипи околу нозете и го тргаа надолу кон длабоките води во кои тој не можеше да дише; се задушуваше, скокаше, се поткреваше од креветот и дишеше лакомо од воздухот за да се поврати во живот; со погледот шеташе низ болничката соба и се мачеше да се дофати за нешто: за лустерот на таванот, за вентилаторот, за корнизите на прозорците, шишето обесено над него од чија течност му се полнеше телото за да му се врати силата; се мачеше да се дофати за било што само да не втонува надолу, да не им дава на полипите да го тргаат во длабоките води каде што не може да поземе воздух.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)