повлече (гл.) - малку (прил.)

Долната усна ѝ беше повлечена малку навнатре и секогаш влажна од истурените заби: носот грбав, кожата навистина свилеста, но со боја на шафран: а очите скоро белузлави од тенка синевина, со шарен темен обраб, кои се повлекуваа негде длабоко, викајќи те од далечина.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се повлекла малку лежејќи, сега потпрена со лакот на земјата, додека со другата рака го стискала отворот на пребелиот лен под грлото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дури откога помина едно време без никој од нас да зборува, тој се обиде, како што правеше и порано, да се повлече малку наназад на столицата и да се исправи, во посигурна и постабилна поза.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се повлече малку на столицата, посигурно се потпре, но не рече ништо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но ни зачуденост ни страв ни копнеж не можел да види на нежното лице.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)