повлече (гл.) - кон (предл.)

Со предните две копита ѝ ја опфати сета глава, а со задните го повлече кон себе розовиот задник на нашата Сталинка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ми ја држи својата топла дланка на ногата над коленото, на голо, и не брза за да ми даде време јас да ѝ ја повлечам кон моите гениталии, но за да го сторам тоа, треба прво да ми стане.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Овој град сиот е расположен во приодите кон морето, на оние места каде што било порано море, а чија вода работливите холанѓани ја повлекле кон морската шир, освојувајќи нови површини за градови, полиња и оранжерии за цвеќиња...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Дознавајќи за надмоќта на непријателските сили востаниците ја запалиле Крива Паланка и се повлекле кон Куманово.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во битката пред Куманово востаниците биле поразени, а Карпош бил заробен со голем број востаници.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Покасно се повлекоа кон Битола.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тоа била информацијата за намерата на Германците да се повлечат од Балканот, да прекинат и да ги намалат своите загуби и да се повлечат кон север на погодна за одбрана линија на фронтот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Хуните се повлекуваат кон Преспанското Езеро.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Другиот ништо не одговори; го повлече кон себе чаршавот и се заврте кон ѕидот шарајќи нешто по него со прстот на здравата рака.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Што правиш тоа?“, ме праша, очигледно изненадена од таа игра, од таа неочекувана и за неа непозната нежност после гризењето по целото тело; „Го барам папокот на вселената“, реков; и кога продолжив со таа игра со папокот, таа се смири; престана да ме удира, рацете ѝ тргнаа кон моето лице, ме повлече кон своето лице, кон устата, и веќе следниот миг, според начинот на којшто ме прими и се отвори јас знаев (тоа движење ми беше сосема непознато, како на маж кој не преспал со жена): тоа не беше онаа Луција што доскокна од вратилото во мојата прегратка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И додека тие избезумено се повлекуваат кон кујната, почнувам да викам, да се дерам: - Бронтопс! Бронтопс! Бронтопс!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Допираа непријатни вести; Трајан ги чулеше учите и слушаше. (Непријателот напредува; нашите војски се повлекуваат кон југ, кон Албанија, а оттаму во Грција.)
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
НЕДА: (Мислејќи дека Луков заборавил на неа, прави обид да се повлече кон својата соба.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Откако се договорија за местото и времето на средбата, Томо се повлече кон друштвото на заедничката маса.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како да сака да ме повлече кон некое безизлезно дно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Подавал рака како да сака да се фати за нешто што ќе го повлече кон некој ѕид со пушкарници на негови пријатели.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лозан Перуника ја повлекол кон земјата Ганка (таа не ги чула истрелите), го сторил тоа како еднаш порано во лесновската шума што го сторил со пијанството на крвта Арсо Арнаутче, со машка грубост освојувајќи ја врелата младост на Фиданка Кукникова.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Држејќи ја за рака, ја повлекол кон некакво засолниште што сѐ уште не можел да го види.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Двајца од оние што ѝ биле на главнината зад грб бегале обезглавени а оружјето им останало таму кај што биле вкопани, трет, постар човек со тажни мустаќи, се влечел мечешки по нив и ги молел да го земат со себе или да го убијат, да не го остават беспомошен пред бесот на каурите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога Орлен Шумков викнал да не се пука заради опасноста да биде погоден со куршум Онисифор Проказник и кога неколцина се исправиле за да се стрчаат и да му помогнат на челникот, врз нив, врз извиците со кои се бодреле и врз писокот на ветрушката што се оддалечувала, се урнале неколку грмежи, и тие, пак залепени со гради за земјата, знаеле дека шестмината што некако ги опишувала со прсти и со очи Ганка ги измамиле со источничка војничка или арамиска мудрост: гледале во оној што доаѓал пред тоа на танконог шарколија и не виделе дека другите им дошле зад грб да ги косат со сигурна рака и сигурно око.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш му се причуло дека викаат по него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
САВЕТКА: Убаво господ да ви даде. (Антица се повлекува кон вратата да излезе, но Ристаќи ја забележува и со груб тон).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Со палецот и показалецот ми ја фати долната усна, благо ми ја повлече кон брадата, ми ја отвори устата за да може да ми го стави јазикот на непцето, таму каде што по знакот на некоја сензорна клетка одеднаш станав премногу силен и премногу слаб пред жената која знаеше да ми се вовлече во моето тело и да биде мое тело или јас нејзино, сеедно, да бидеме едно тело во кое се заробени две души завеани на беспаќе што го нарекувавме живот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Двајцата тргнавме кон прозорецот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ја фатив за половината и ја повлеков кон себе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Со десната рака ми ја фати брадата одоздола и силно ме повлече кон цицката.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Беше јасно дека во тие мигови не можев да се повинувам на дисциплината што ја исполнуваше Ема со својата наивна и едноставна игра со која ме заведуваше, но, кога ѝ ги ставив дланките на раменици и силно ја повлеков кон себе, кога помислив дека целото тело ѝ е наврено на мене, или дека целиот сум во неа, почувствував дека токму тогаш таа ја сфати смислата на играта и, конечно, го направи тоа што ѝ личеше на жена која вистински го сака токму тоа: се сврте кон мене, ме гушна, ми ги апеше усните, првин горната, па долната, повремено навлажнувајќи ги со врвот на јазикот, а потоа силно ме загриза на вратот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се стутка и ја повлече кон себе челичната врата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Гзиме рефлексно појде кон ќеркичката Јета. Да ја повлече кон себе, да се смири.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ни се причини како змејот се извишува за со конечниот залет да нѐ проголта и да нѐ повлече кон длабината Во тие мигови Мајка започна посилно да ја кажува молитвата за спасувањето на нејзините чеда, која ја препознававме од честите шепотења, кога ни беше тешко во животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сакаше да го допре оружјето, да си поигра со него, не знаејќи сѐ уште за неговата намена.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ушите чудно ми се зашилиле и се повлекле кон гривата поделена на плетенки и закитена со црвени вилнени кадели.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И пак Татарот се обидел да го повлече кон коритото од делкан бигор. Еднаш и двапати.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Откако ја проголта чоколадата, се почувствува малку засрамен самиот од себе и скиташе по улиците неколку часови, сѐ додека гладот не го повлече кон дома.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Влезе во келијата како и другпат да ѝ држи епитимија на Смилјанка; таа лежеше гола на постелата; кога ѝ пријде и кога го зеде веленцето да ја покрие, таа се покрена, го фати за рацете за вратот и го повлече кон себе; тој почна да се трга, да се опира, да се исправа, но нејзиното тргање беше посилно и тој клекна на колена крај неа, а потоа се наведна над неа допирајќи ѝ ги градите со брадата; таа од влакната почувствува скокот и возбудливи трпки по кожата и уште посилно го привлече влечејќи му ја главата кон своето лице.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Бонети ја фати и почна да ја повлекува кон себе, но таа замавнувајќи силно со рацете и телото му се оттргна и избега.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Не знам зошто, ама штом го видов него толку многу бев одушевен од својата намера што, без да знам од кои причини, како од туку-така, без збор да му речам, се пресегнав, го фатив за главата со двете раце, го повлеков кон себе преку масата и го избацував среде челото.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Бремето го повлече кон грубата калдрма и тој, не ширејќи ги рацете и не барајќи со нив потпир во воздухот, невешто, скоро театрално падна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Го повлече кон шаторот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Мислата што ја бев изрекол ме повлече кон случаот со ќерката на мојот пријател Милошевски.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Излегувај ти... тии... - Кузе ја фати за рака и ја повлече кон вратата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Цакису!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Вика, се трга... Се повлекува кон вратата...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ме натегнале мене во вртелешката...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Слушам... Гледам низ вратата од ходникот... да не ја видам негде на кејот...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Перса ја фати за рамена, ја повлече кон себе силно ја целува на челото!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Искрениот восхит што им го должам на вашите книги и дури ако таа е придружена со големо незнаење, и искрената симпатија што ја имам кон вашата земја (би требало да речам вашите земји) ме повлекоа кон една авантура, за што станувам свесна дури сега, во која нема никогаш да бидам на висината на улогата што би сакале вие да ми ја дадете.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Вие ме прашувате дали би можеле да ми го испратите ракописот на Балканскиот клуч по електронска пошта.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Оставајќи ги убиените и ранетите се повлекуваат кон Пероо по бришаниот простор.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- И моите не се ништо послаби, - му дофрлив јас гордо, веќе готов да му рипнам на пубертетлијата кој од сите најмногу ме нервираше, кога Абраш ме фати со неочекувано силен стисок на раката, ме повлече кон себе и предложи: - Немој, кога ти велам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Летавме многу ниско над брановите, и одвреме-навреме страхував некој од нив да не нѐ стигне со својот висок, пенлив гребен и да нѐ повлече кон длабочините.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Го имав цврсто прегрнато Игбал, седната зад него како што би седела кога тој би ме возел со мотор, а не на килим.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)