поведе (гл.) - народ (имн.)

Можеби случајот на Де Гол, кој го поведе народот во ослободителна борба и му го поврати националното достоинство, не успеа во раководењето со Франција да биде прифатен во историскиот референдум за продолжување на владеењето и речиси доброволно да замине од историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Немало потреба него да го убедуваат гемиџиите дека таа Организација сѐ уште не била подготвена да го поведе народот во општо востание.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Да се води борба за национална еманципација и да се создаде демократска и модерна држава бара различни, а понекогаш спротивни квалитети.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
СЛОБОДАТА: Ќе дознаеш… Но пред тоа, кажи ми, ти ли си оној што со огнени зборови го поведе народот по себе? МАНОИЛ: Да, јас сум…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)