побелее (гл.) - јазик (имн.)

Онисифор Проказник не одговорил наеднаш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја претчувствувале главата пред жртвеникот на прегладнетоста: пред пенливи ноздри виси побелен јазик и се допира до нејака тревка; тоа е преживарска смеа над човечка алчност - лапајте и цицајте крвца, еднаш билјето со корен ќе ја смукаат и вашата крвца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги оближувал сувите усни со побелен јазик да го спречи пукањето на кожата и се оклопил со темни мисли.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
При слабата светлост не можеле да видат дали чудесниот цвет во окото на животното свенал, само знаеле дека едниот рог се замрзнал со врвот в земја и дека нозете останале неподвижни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)