побара (гл.) - рака (имн.)

Глас: Во пазувите на Ефес прапотомокот на Херакле по име Филип Македонецот по потекло од Карановата кралска лоза ја побара раката на Олимпија од братот ѝ Аримба зашто беше се вљубил во таа девојка без родители, прапотомок на Ахила, од Неоптоломеевата кралска лоза. Ахил пак беше син на кралот Пелеј.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Знаеш, дека сега е модерно жената да клекне на колена и да ја побара раката на мажот. И двете прснаа во смеа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Никогаш до сега не си ми ја побарал раката. Никогаш на ваков начин.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)