побара (гл.) - некој (зам.)

Изразот ѝ е таков како да сака да побара некое објаснение. Но тоа е само така, испаѓа случајно.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И на сите во одајата им стана јасно дека ќе го мрсат ортомчето, било јавно како Алекса, било тајно како Дончета, та еден ден излезе еден млад човек висок, со руса убава брадичка, пред сите со еден предлог: — Ќе нѐ каснат агите што ќе нѐ каснат; таа се виде, луѓе, ами ајде да побараме некое чаре.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Видно разочаран од Тим Хортонс, Сек'нд Кап, Старбакс, Тимотис и други самопрогласени кафетерии, човек решава да побара некое пристојно место у облик на паб, бистро, бар или ресторан.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Ќе измислам една иднина и ќе се смирам, мислеше. Ќе побарам некоја Марија за една вечер, дури и ако не никне на врбите грозје.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
За миг аскерите прснаа да бегаат надолу низ папратта, оставајќи го онбашијата, Трајка, Ташка и еден војник да клоцаат и да се валкаат во тињата под чешмичето, да стенкаат со забите, сега тие, како преѓеска Јован.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Познавајќи ја Родна и нејзината умешност, нејзината способност да ја избере најздравата гранка за да се фати за неа, не можев а да не заклучам дека во нејзината поплака се крие и некоја подлабока причина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но ете, таа дојде кај нас, побара некоја неодредена и нејасна помош, го стори и тој чекор за кој неупатениот веројатно ќе помисли дека бил избрзан па дури и недоволно обмислен.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И таман побара некое дрво од аскерите да не го болат нозете, наеднаш се истури залп од пет шест пушки и еден бесен вик од стената над чешмичето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)