побара (гл.) - мене (зам.)

”  „Животот негов реков може да го среди само оној Еден и Единствен што управува со нашите судбини”, ѝ реков јас свечено.  „Што значи тоа, да зборувам со рабинот за проводаџисување?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тогаш реши да ме побара мене.  „Слушнав – рече Бенвениста Давидовиќ кога седнав на чистиот миндерлак во нивната скромна куќа со бел вез што не се сипеше, туку спиеше под раката – дека што ти си врзала, човек не одврал, па решив да ја ставам судбината на мојот кутар син, жртвата моја сакана, да ја ставам велам неговата судбина во твоите вешти раце.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Јас и Симон бевме, може да се рече, пријатели. Кога му јавија за смртта на братот, тој прво и прво ме побара мене. Требаше да се ископа гробот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кога Стефан не можел да ја добие по телефон мајка си, допатувал во С. а кога и дома не ја нашол, ме побара мене.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)